Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Македонија доаѓаат кинески и турски фалсификати на чевли и облека

0
By Нова ТВ on August 18, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци.

Податоците на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека 48 проценти од привремено задржаната стока по основ на повреда на правото од интелектуална сопственост е од Кина, додека 46 проценти е од Турција.

–  Од јануари до јули годинава во 35 акции се задржани над 37 милиони парчиња стока поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во вкупната количина доминира учеството на  бонбони 41 проценти, 40 проценти се пенкала, седум проценти текстилни производи, над четири проценти обувки, над три проценти козметички производи и околу четири проценти модни додатоци, информираат од Царинската управа.

Според Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост доколку царинските службеници имаат сомнение дека предметната стока може да е фалсификат ја задржува и го информира носителот на правото преку неговиот првен застапник за утврдување на оригиналноста на стоката. Доколку носителот на правото потврди дека стоката е фалсификат царината започнува постапка за уништување  на стоката, но доколку од носителот на правото добие известување дека стоката е оригинал по завршување на царинските формалност се пушта во слободен промет.

Фалсификуваната стока, согласно закон, може царината наместо да ја уништи и бесплатно да ја отстапи. Се отстапува облека и обувки за семејства од социјален ризик, како и за санирање последици од елементарни непогоди. За да се отстапи фалсификуваната стока треба согласност од носителот на трговската марка, а треба да се обезбедат и уверенија од надлежните органи дека стоката е безбедна за користење. Пред да се предаде стоката се отстрануваат и обележјата на трговската марка.

За подигнување на свеста на граѓаните за можните штетни последици од употребата на фалсификати во април оваа година Царината почна и јавна кампања под слоганот  „Стоп за фалсификуваните производи“.

– На 5 април 2018 година, започнавме со активностите што беа реализирани во просториите на трговскиот центар Сити мол каде беше поставен штанд со изложени примероци од запленети фалсификувани  производи. На граѓаните им се делеа и флаери и царинските службеници во разговор со нив разменија информации за сè што презема Царинската управа во борбата против фалсификатите, како и информации за штетните последици од фалсификуваните производи и начините за лесно препознавање на  фалсификуваните производи, истакнуваат од Царината и додаваат дека Царинската управа останува фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие претставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејства поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.

Фалсификувана стока
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.