Ако сте сопственик на бизнис, ќе се согласите дека силната конкуренција ни носи време во кое Вие, постојано изнаоѓате начини за намалување на трошоците, оптимализација на даноците, а едновремено и подобрување на квалитетот на услугите.
Ние сме подготвени да Ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, и да го обучиме Вашиот персонал со цел правилно да ги исполните законски обврски и одговорности.
Ако сакате Вашите вработени да се стекнат со потребни вештини во практичната примена на законите: Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Персонален данок на доход, сега е право време за усовршување.
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНИТЕ: ДДВ, ДД И ПД И ИЗРАБОТКА НА ЗАВРШНА СМЕТКА НА ДВЕ ПИЛОТ ФИРМИ – НАПРЕДЕН КУРС
Почеток 24.11.2018,
Термин: сабота од 10.00 до 15.30 (8 дена)
Обуката е наменета за оние кои веќе работат во сметководство, а имаат амбиции да напредуваат, и да бидат столб на финансовиот сектор.
Програма по денови
Ден 1 Персонален данок на доход
Ден 2 Данок на добивка
Ден 3 Данок на добивка
Ден 4 Данок на додадена вредност
Ден 5 и 6 Изготвување на завршна пресметка на пилот фирма – градежништво
Ден 7 и 8 Изготвување на завршна пресметка на пилот фирма – производство
Тренер
Наставата е водена од Кристина Тилиќ, овластен ревизор, основач на ПКФ Нова консалтинг, членка на PKF International, консултант на WTS Германија, председател на Надзорен одбор на Институтот на овластени ревизори, која своето 25 годишно искуство несебично го пренесува на сите оние кои имаат за цел својата визија да ја реализираат со знаење преку стекнување на практични вештини.
ЦЕНА
Редовна цена 21.000
Цена со попуст за оние кои ја имаат посетено обуката во невработени 18.000
Плаќање на три рати
Пријавување
Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА на
http://novakonsalting.mk/edukacija/smetkovodstvo-2/datumi/
Контакт (02) 3 22 00 54, , 078 383 053 info@novakonsalting.mk

