На вечерашното интервју на Македонската телевизија премиерот Зоран Заев кусо изјави, одговарајќи на новинарско прашање дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, дека врхушката на поранешната владејачка партија барала амнестија. Но тие барања биле отфрлени, изјави  премиерот.

Според Заев,  правдата мора да важи за сите и за неговите најблиски соработници или членови на семејството.

На прашањето што ќе се случи со “Скопје 2014”, Заев рече дека нема намера “да ги трошиме парите на граѓаните за уривање на спомениците, но тој лично би сакал барем една фасада да „соблече“.

“Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари”, рече Заев.