Владата ја има поддршката и од ВМРО- ДПМНЕ за решавање на спорот за името со Грција, вели премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Капитал“.
Иако не прецизира во кој дел се согласуваат двете партии, Заев вели дека е задоволен од ставовите на опозицијата.
-Од она што јас го знам, во разговорите низ Парламентот со високи претставници на ВМРО–ДПМНЕ можам да кажам дека сум задоволен во поглед на нивното позиционирање за конкретното прашање, вели Заев на прашањето за поддршка од опозицијата.

