Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Раст во сите гранки освен во нискоградбата

0
By Нова ТВ on June 7, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При посетата на Општина Желино, одговарајќи на новинарско прашање во врска со растот на БДП, премиерот Заев изрази убедување дека проектираниот растот ќе биде постигнат.

„БДП е проектиран на годишно ниво од 3.2 % и ние ќе го постигнеме. Единствено каде што паѓаме од сите параметри е ниско градбата. Тоа е поради автопатиштата, неиспорачаните односно неизведените работи, пред сѐ од „Синохидро“, пред сѐ патот Кичево – Охрид, заглавеноста на проектот Миладиновци – Штип, Трансмет и други компании.

Кога ги земате параметрите, колку тие компании работеле лани во првиот квартал споредено со оваа година, тие паднале поради самите проблеми во проектите.

Високо градбата во градежништвото расте. Енергетиката, индустријата, земјоделието – се со раст од  6, 7, 8 и 10 отсто. Извозот во Република Македонија е зголемен за 14,3 отсто во евра, во долари како паралела е повеќе од 31 отсто. ДДВ наплатата, од 1 јануари до 31 мај 2018, во споредба со 2017, е зголемена. ДДВ-то  е доказ за економската активност во државата“ – истакна премиерот Заев.

Премиерот рече дека данокот на добивка и персоналниот данок се зголемени, но економијата живее во Македонија.

„Го знаете податокот – 235 милиони евра, тоа е квартал со најголем број на странски инвестиции од 2007-ма година наваму. Сите овие параметри се за почит. За нас се потврда дека сме на вистинскиот пат“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека Владата е посветена на квалитетни инфраструктурни проекти, кои ќе донесат раст, очекувајќи импулс за раст на странските инвестиции со напредокот во евро – интеграциите и повеќе пари кај граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.