Првата седница на Уставниот суд по летните одмори е закажана за 28 септември. На дневен ред ставени се единаесет иницијативи, меѓу кои и иницијативата за поставувањето крст во Бутел, но меѓу точките на дневен ред не е и уставноста на Специјалното јавно обвинителство, иако со последниот партиски договор, четирите најголеми политички партии го повикаа Судот да донесе одлука што е можно побрзо.
Според партискиот договор, во случај Уставниот суд одлучи дека Законот за Специјалното обвинтиелство или дел од него е неуставен, четирите партии се обврзуваат да го усогласот Законот со одлуката на Судот и повторно да ја формираат Канцеларијата според оваа одлука, во рок од 5 дена.
-Мора да се задржат ефикасноста, фокусот и целите на СЈО, стои во Договорот.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за НОВА ТВ неделава посочи дека доколку Уставниот суд го укине СЈО, ќе има поголем земјотрес од сегашниот.




