Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Занаетчиите бараат регистар, промени во ДДВ и државните субвенции

0
By Нова ТВ on July 5, 2018 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребен е регистар на занаетчии, нивно поврзување со средните стручни училишта, промена во даночната политика за оваа сфера и нов систем за субвенционирање, покажала студијата „Преку проценка на влијанието на регулативата на занаетчиската дејност до подобрување на деловната клима“ на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје.

Истражувањето направено за студијата, што беше промовирана денеска, покажало дека постои слаба информираност на занаетчиите за законските регулативи, и оти е потебна нивна целосна имплементација, како и донесување на подзаконските акти за да може да профункционира регистарот на занаетчии.

„Преку регистарот на занаетчии, многу лесно ќе се утврди бројката на занаетчии во Република Македонија. Понатаму, потребно е поврзување на занаетчиите со средните стручни училишта, со цел образовните програми да бидат прилагодени на потребите на праксата, но и да се изврши преоценка на предностите и недостатоците на средното стручно образование“, посочуваат од Институтот.

Студијата покажала и дека давачките по основ на даноци се голем товар за занаетчиите, како и оти Македонија од сите земји во регионот има најнизок праг за влез во ДДВ. Исто така, било констатирано и дека нелојалната конкуренција е на штета на занаетчиите кои работат согласно со прописите.

Резултатите од студијата укажуваат и на потребата да се подготви и нов систем на субвенционирање кој ќе биде рамномерно насочен кон потребите на различните занаетчии зависно од нивниот вид и големина, а особено за субвенционирање на чираци и занаетчии кои ангажираат чираци.

Студијата се темели на спроведено емпириско истражување (анкета, фокус групи, тркалезни маси) во врска со ефектите на Законот за занаетчиство.

Студијата на ИСИЕ нуди неколку препораки за клучните носители на политики, првенствено Министерството за економија, Министерството за образование и наука, занаетчиските комори и општините.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.