Попладнево во Подгорица заврши самитот на Јадранската повелба.

– Фактот што јас како премиер на Република Македонија претседавав со специјалниот состанокот на А5 Самитот на Јадранската Повелба, тоа што Република Македонија е ко-домаќин со Република Црна Гора на вој значаен настан, на кој што присуствува висок претставник на САД, потепретседателот Мајкл  Пенс, потврдува дека Република Македонија ја донесовме на вистинскиот пат – рече Заев во Подгорица.

Премиерот Заев во својот говор на завршната прес-конференција изрази и особена благодарност за силната поддршка од САД.

– Владата на РМ, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО. Убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи храбро влеговме во рефрормските процеси, се отворивме за интензивна соработка со соседите, покажавме одговорност кон меѓународната заедница дека сакаме и можеме да придонесуваме и колективните процеси за стабилен и безбеден свет. Тоа е препознаено. И со право очекувам Република Македонија да биде 30-тата земја членка на алијанската и ќе работиме за таа цел, заедно со граѓаните – рече Заев.

 

Заев е оптимист дека Македонија ќе стане 30.членка на НАТО. Како што рече Заев, членството на Црна Гора во НАТО е охрабрување, бидејќи тоа покажува дека сите може да се издигнат и да придонесат за колективните потреби, но и за потребите на своите граѓани.

На самитот Заев освен со црногорскиот премиер Душан Марковиќ, оствари и билатерална средба со потпретседателот на САД, Мајкл Пенс.

На билатералната средба, премиерите Заев и Марковиќ констатираа дека Република Македонија и Република Црна Гора се пријателски земји, коишто немаат отворени прашања и поради тоа имаат одлична основа за вистинско унапредување на односите. Се разговараше посебно за развој на економската соработка и поврзување на бизнисмените од двете држави.

Американскиот потпретседател Мајкл Пенс, го пренесе ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД стои зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграциите во НАТО.