Пафос: Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер го погоди утрово Кипар, предизвикувајќи голема загриженост кај жителите, објавија тамошните медиуми.
Според проценката на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил 6 километри источно-североисточно од Пафос и имал фокусна длабочина од 10 километри.
Земјотресот беше почувствуван низ целиот Кипар, а граѓаните во паника бегаа кон отворени простори за безбедност. Веднаш по земјотресот, имаше извештаи за проблеми со телекомуникациската мрежа.
Потоа следеа три последователни потреси во интервал од неколку минути, со јачина од 3,5, 3,6 и 4,7 степени според Рихтеровата скала.

