Published: Thursday, August 18, 2016 13:20
Жителите на улицата Букурешка, во скопската населба Тафталиџе пет пати со ред ги бркаат багерите кои се обидуваат да го срушат зелениот парк и да почнат со копање на темелите на нова петкатница.
Група граѓани и денеска се собраа во паркот и не дозволија работниците со механизацијата да започнат со работа.
Последниот обид за рушење на паркот заради изградба на згради се случи непосредно по поплавите во Стајковце кога багерите наместо да бидат испратени во поплавените подрачја, беа донесени во населбата да го ископуваат паркот.




