Доктор Жан Зимбаков е новиот директор на Универзитетската клиника за кардиологија. Тој како в.д медицински директор доаѓа на местото на д-р Беким Поцеста, кој е разрешен од оваа функција.

Зимбаков доаѓа од приватната Специјалната болница за кардиохирургија„Филип Втори“, а веќе неколку месеци раководи и со второстепената комисија за лекување во странство.

За нов в.д. директор на Универзитетска клиника за очни болести е именуван д-р Христиан Дума, на местото на д-р Беким Татеши.

Во Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“-Скопје за в.д медицински директор е назначена д-р Амела Цана, на местотот на д-р Агим Караи. Амела Цана доаѓа од ФЗОМ  каде што се уште фигурира како раководител на одделение на контрола.

Новите в.д директори на овие три клиники доаѓаат на испразнетите места од Алијансата за Албанците.