Разрешувањето на јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски попладнево дојде на дневен ред на Собранието.

Откако беше утврден листингот на пријавени дискутанти, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ново продолжени закажа за утре во 11 часот.

Тој само најави дека за оваа точка се пријавени голем број пратеници.

Претходно, по тридневна расправа, сите присутни – 91 пратеник едногласно ги узвоија Општите акти на Народниот правобранител – Правилникот за организација на стручните служби и систематизацијата на работните места, што треба да овозможи непречена работа на неколкуте канцеларии на Народниот правобранител низ државата.