Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рецензија на „Зад стоговите сено“ во режија на Асимина Проедроу: Кога жените ќе стивнат, режисерките гласно филмуваат

0
By Ана Василевска on October 13, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Сцена од „Зад стоговите сено“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

По триумфалниот успех на филмот „Зад стоговите сено“, кој беше номиниран во 17 категории и освои десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, специјнала награда и „Фипресци“ на Солунскиот филмски фестивал, вечерва ќе ја има својата македонска фестивалска премиера на „Киненова“. Станува збор за дебитантско долгометражно остварување на грчката режисерка Асимина Проедроу, но тој е и деби во филмската соработка меѓу Грција и Северна Македонија и еден од првите културолошки придобивки по потпишувањето на преспанскиот договор. Учеството во филмот од наша страна го обезбеди продуцентската куќа „Сектор филм“, која има повеќе од дведецениско домашно и интернационално искуство и досега во повеќе наврати покажа дека знае да намириса квалитетни проекти во кои со македонското малцинско учество добивме филмови што се пласираа на Канскиот филмски фестивал, Берлинскиот филмски фестивал, во Карлови Вари итн.

Од снимањето на „Зад стоговите сено“ на локации кај Дојраснкото езеро

ЛАЖНИОТ МОРАЛ, БЕГАЛСКАТА ТРАГЕДИЈА И ПАТРИЈАРХАТОТ

„Зад стоговите сено“ е умешен авторски филм, кој преку приказната за едно семејство што живее во мало рибарско село на границата помеѓу Грција и Македонија, временски лоциран во 2015 година, задира во актуелната тема за случувањата со меѓуграничните мигранти, патријархатот и најмногу од сè во пркосот на младите жени да ги урнат границите на поставените нормативи на однесување во семејното и во социјалното опкружување. Организиран е во три драмски нарации, кои умешно ја поврзуваат целосната филмска приказна. Користејќи еден нагласен модерен филмски израз, кој храбро се потпира на класичен лирски и симболичен амбиент, прави успешна симбиоза во која се согледува раскошен режисерски талент.

Границата меѓу двете земји се насетува како метафора на апсурдот на неприродното доскорешно функционирање на државите со исто така присилното поставување на границите за жената во патријархалните семејства. Проедроу многу вешто и интелигентно нè воведува во приказната преку трагичен настан за децата пронајдени на брегот на езерото. Бегалската драма е само иницијација за откривање на психологијата на малите средини во кои царуваат корупцијата, лажниот морал и привид за татковците – чесните глави на семејството, жените како чедни светици во служба на куќата и црквата.

Режисерката Асимина Проедроу

Градацијата на дејството преку разоткривање на вредносната суштина на секој од членовите на семејството, рибарот Стергиос (Статис Стамулакатос), неговата сопруга Марија (Лена Узуниду) и нивната ќерка Анастасија (Евгенија Лавда), отвора нови хоризонти на согледување на нештата. Во овие сцени катарзично поместување на светогледот и судбината на секој од нив како посебен карактер е Дојранското Езеро (ги чува тајните и тагите), со кое камерата игра во разни бои и пејзажи и го нијансира дејството.

Сосема суптилно, но доволно жестоко за да се голтаат кнедли во развојот на приказната, Проедроу предупредува на трагичниот исход од секоја неискреност, вкоренето однесување на заедниците и ограничување на слободата.

Камерата е наместа преинтензивна, но можеби е кинематограферско решение за да ја нагласи упорноста на режисерката да ги соголи и најситните интимни детали на ликовите. Филмското финале е од оние што долго се врежуваат, а потсетува на антологиската сцена на танцот во „Уште една тура“ на Томас Винтерберг.

„Зад стоговите сено“ е несомнено долгоочекувано откритие од еден нов бран во грчката кинематографија со потентен режисерски ракопис, што ветува пробив како оној на Костас Гаврас во филмската историја. Секако, значаен за европската кинематографија, што го препозна и Европската филмска академија, каде што влезе во трка за наградите.

Филмот беше прикажан и во рамките на последното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола а наскоро се очекува дистрибуција во домашните кина.

Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди, и тоа за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот.

Наградите на Грчката филмска академија 2023 или Грчките Ирис награди (Hellenic Iris Awards) се збир на награди кои секоја година ги доделува Грчката филмска академија за извонредност на филмските достигнувања во грчката кинематографија.

Премиерата на филмот беше на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември 2022, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа, Индија.

Филмот се снимаше во Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во текот на 2021, во време на ковид пандемијата. Дејствието на филмот се одвива во 2015, а се работи за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија. Беше поддржан како малцинска копродукција од Агенцијата за филм на Македонија и од Европскиот фонд Еуримаж.

„Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Македонија.

Продуценти: Јоана Боломити, Маркус Халбершмит, Владимир Анастасов, Ангела Несторовска

Кинематографија: Симос Саркецис

Продукциски дизајн: Едуард Георгиу

Монтажа: Електра Венаки

Музика: Мариос Строфалис

Главни улоги: Статис Стамулакатос, Лена Узуниду, Евгенија Лавда, Христос Контогеоргис, Дина Михаилиду, Пашалис Царухас

 

 

 

„Зад стоговите сено“ Агенција за филм на РСМ македонски филм Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.