Шпанија го пријави првиот смртен случај на мајмунски сипаници во Европа

Шпанија го пријави првиот смртен случај кој е поврзан со мајмунски сипаници во Европа, соопшти тамошното Министерство за здравство. Во Шпанија досега се потврдени 4.298 случаи на тој вирус. Претходно денеска и Бразил го потврди првиот случај, кој е поврзан со тој вирус, кај 41-годишен маж.