Сузана Јошевска Анастасовска: „Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ ,не беа предмет на ова обвинение,“
Така е, дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата не треба да бидат предмет на обвиниение. Но, вие решивте да смислувате термини како „верижни пропусти“ или „верижни последователни пропусти“ или „ синџир на континуирани пропусти“, за да се „удварате“ на власта, наместо да разграничите што е криминал поврзан со пожарот, што е злоупотреба и несовесно работење на службите со конкретни докази за истото, а што е системски пропуст за кој не постои индивидуална кривична одговорност, туку постои морална и политичка. Потоа, го налицкавте обвинението со умисла и соизвршителство за да биде „тешко“, го избрзавте за да добиете „фалби“ и напредувања во кариерата и сега давате вакви смешни соопштенија.
Истовремено, пустиот наш кривичен суд (намерно со мала) мака мачи што да прави, се бори сам со себе што го снашло оти против природата му е да удри силно и одлучно и да го врати обвиниението со јасна порака дека не може да пројде во суд ваква нарачана правна итроштина без докази, а во целиот тој галиматијас се прави дупла штета- семејствата на жртвите збунети и разочарани, општеството со недоверба.
Синџирот е силен онолку колку што е силна најслабата карика. Траумите допрва доаѓаат.
Извор: Фејсбук