Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада / Џељо Хоџиќ: Станува јасно дека новата Влада има намера во најмала рака да го замрзне европскиот пат на државата

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од првите 100 дена нова Влада, јасно е дека нема европски интеграции, има нови караници со Грција и Бугарија, наместо САД нов стратешки партнер ни е авторитарната власт на Орбан, а остануваме сами во срушениот проект на Опен Балкан со Србија.

Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија, во оценката за првите 100 дена влада на Мицкоски во изјава за ЦивилМедиа вели дека станува јасно дека новата Влада сериозно го менува зацртаниот курс на државата, согласно веќе усвоените стратешки цели:

Заемот од Орбанова Унгарија, за кој кредибилни регионални медими пишуваат дека се работи за кинески пари, како и најавта за стратешка соработка со Орбанова Унгарија, дополнителното влошување на односите со Грција и Бугарија, како и најавата за влошување на меѓуетничките односи дома, јасно покажува дека новата Влада има намера во најмала рака да го замрзне европскиот пат на државата.

Според него, можеби најголема симболика за 100 дена Влада има во најавата од градоначалникот на Куманово, г-дин Димитриевски, инаку трет партнер во Владата, за изучување на рускиот јазик во неговата општина, по средбата со амбасадорот на Русија.

Секако, во прилог на овие заклучоци оди и однесувањето на ВЛЕН, кои прашањето на Уставни измени и европските интеграции ги одложија на неодредено време, со аргументи кои во јавноста ги изнесуваше ВМРО-ДПМНЕ, смета Хоџиќ.

Претседателот на СДА подвлече дека 100 дена Влада не се доволни да се заборават изјавите на Таравари во кампањата, дека нема да прават Влада ако нема договор за Уставни измени и дека на првите седници ќе побара излегување од иницијативата “Опен Балкан”, која Еди Рама претходно со една изјава ја сруши.

Да ремизираме, од првите 100 дена нова Влада, јасно е дека нема европски интеграции, има нови караници со Грција и Бугарија, наместо САД нов стратешки партнер ни е авторитарната власт на Орбан, а остануваме сами во срушениот проект на Опен Балкан со Србија, вели на крајот од изјавата Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.