Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада / Роберт Алаѓозовски: Вазалско врзување со Орбан, автократскиот ѓавол на Европа

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот изгради тенденција да дава паушални и непоткрепени изјави за големи афери на корупција и криминал, и најжално, за заговорничка дестабилизација на државата.

Роберт Алаѓозовски, публицист и поранешен национален координатор за интеркултурализам, изнесе остри оценки за првите 100 дена влада на Мицкоски:

Владата го почна мандатот трампаво, помпезно и исклучително опасно. Тектонски ја измести надворешната политика, единственото поглавје каде што во евроинтеграцискиот извештај имавме чиста десетка, изјави Алаѓозовски за ЦивилМедиа.

Според него, владата ги наруши односите со соседите, а „се врза со автократскиот ѓаол на Европа, Орбан кој, пак, е продолжена рака на руските и кинеските интереси во регионот.

Вазалски се врза со автократскиот ѓавол на Европа, Орбан, кој е маша на руско-кинеските интереси, и наместо коридорот 8 се насочи кон коридорот 10. Ги наруши односите со Грција и Бугарија и ја пропушти шансата да ги почне преговорите, продавајќи магла дека може да ја смени утврдената преговарачка рамка, која неуко ја нарекуваат бугарски диктат, оценува Алаѓозовски.

Што се однесува до внатрешната политика, Алаѓозозвски посебно се осврна на проблематичниот однос на владата на Мицкоски во контекст на меѓуетничките односи.

Внатрешно, ги стави ад акта политиките на интеркултурен дијалог, општествена кохезија и остварување на правата на другите ранливи и малцински групи и почна да го разјадува трпеливо градениот меѓуетнички соживот, вели Алаѓозовски.

Тој го оцени и преструктуирањето на владата како постапка без јасна визија, а се осврна и на паушалноста во изјавите на Мицкоски за корупцијата и за заговорите за дестабилизација на државата.

Структурно, ги преименуваа, механички ги одделија или припоија половина од мнинистерствата, без јасна визија и јавна дебата. Премиерот изгради тенденција да дава паушални и непоткрепени изјави за големи афери на корупција и криминал, и најжално, за заговорничка дестабилизација на државата, истакна Алаѓозовски во својата изјава за ЦивилМедиа по повод 100 дена влада на Мицкоски.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.