Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада: Заглавени евроинтеграции, криза на меѓуетничките односи внатре во коалицијата и незапочнати реформи

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во своето експозе при изборот на Владата, Мицкоски кажа дека ќе ги намали даноците, ќе отпочне силна борба против корупцијата и за владеење на правото, ќе се чешла имотот на обвинители, судии, на функционерите, ќе биде зголемен буџетот во образованието, ќе се формира посебен фонд за врвна наука, а во центарот на вниманието ќе биде економијата.

„Немам впечаток дека има некое особено пеколно темпо во работата на владата, напротив“, вели Петар Арсовски.

Зоран Бојаровски

Мицкоски рече дека не му треба „меден месец“ кога ја формираше Владата и дека за 100-те денас кои по некоја традиција ѝ се даваат на на извршната власт за заседне на пизицијата и да ги започне со спроведување на програмата за која што ја доби довербата „зацртал пеколно темпо на работа“.

Истовремено тоа е и период кога се прават анализи и оценки за работата на владата досега за да се донесе и проценка во која насока тргна да се движи Владата и дали е тоа насоката што е во интерес на граѓаните и јавноста.

Евроинтеграции заглавени заради инает

Ги прашавме нашите соговорници за импликациите од политики на Владата досега во однос на четирите столба на кои се потпира македонското општество како што се меѓуетничките односи; односите со соседните земји; евроинтегративниот процес и реформите.

„Што се однесува до четирите столба, мислам дека новата влада се соочува со сериозни предизвици во секој од нив.  Меѓуетничките односи се напрегнати поради дијаметрално спротиставените ставови на Македонците и Албанците околу иднината на земјата, соседските односи и евроатлантските интеграции се заглавени во еден инаетлив балкански синдром, а реформите – можеби полето на кое очекувањата се најголеми, не се ни почнати“, анализираше Петар Арсовски.

Професорот и поранешен амбасадор Нано Ружин посочува дека „односите со соседите се пореметени затоа што со фактот на упорното негирање на придобивките од Преспанскиот договор и на незавршената работа за внесување на Бугарите во Македонија во Уставот влијаеше врз добрососедството и тоа не е добра насока. Од една страна се настојува да се поврзе линијата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина, но оспорувањето на Преспанскиот договор може да ја успори оваа намера“.

Тој предупредува дека не е добро тоа што оваа Влада „настојува да влезе во оној блок држави на чело со Унгарија, којашто има одредени критички забелешки кон политиката на ЕУ. Треба да се внимава“, вели Ружин.

Последниот развој на оваа тема на затегнување на односите со Бугарија со реторика којашто не е примерна за односите меѓу две земји, само го потврдува тоа што доведе и до реакција од Брисел.

„Дури и ако успешно ги исполни сите свои цели и ги искористи придобивките од Планот за раст, Скопје ќе може да напредува на својот пат кон членство во ЕУ само ако продолжи да ги поправа односите со соседна Бугарија, имајќи пред вид дека за секој нареден чекор од пристапниот процес потребно е ‘зелено светло’ од сите земји членки на Унијата, посочува на пораките на европски дипломати „Еуроњуз“.

Ружин укажува на тоа дека „постои некој евроскептицизам кај ВМРО-ДПМНЕ со инсистирањете на реториката ‘ние сѐ направивме, вие ништо не давате’, дека државата исгубила достоинсттво и.т.н.“

Љубиша Николовски, пак, потсетува дека Мицкоски пред да ја употреби синтагмата „пеколно темпо на работа” и за т.н. „брза лента” на која ќе ја стави Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Од сегашните изјави и постапки очигледно е дека таа лента нема доволно гориво ни да се

Реформите не се ни почнати

Во своето експозе при изборот на Владата, Мицкоски кажа дека ќе ги намали даноците, ќе отпочне силна борба против корупцијата и за владеење на правото, ќе се чешла имотот на обвинители, судии, на функционерите, ќе биде зголемен буџетот во образованието, ќе се формира посебен фонд за врвна наука, а во центарот на вниманието ќе биде економијата.

„Немам впечаток дека има некое особено пеколно темпо во работата на владата, напротив“, вели Петар Арсовски.

Нано Ружин вели „синдромот на Пинокио, присутен во нашата политика, што не е синдром само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на СДСМ, понекогаш ги тера политичарите да лажат и да претеруваат во нивните ветувања“.

„Голем број од преземените обврски од кампањите ретко или дел воопшто не се исполнуваат. Дел се исполнуваат, но проблемот е повеќе, би рекол, социолошки, затоа што тоа не е некој македонски феномен, туку култура на лажење на политичарите за да ги добијат изборите. Таквата култура создаде одреден скептицизам кај граѓаните да не им веруваат на политичарите и затоа политиката во криза“, истакнува Ружин.

И Николовски смета дека „разочарувањето е огромно кај граѓаните особено кај оние кои со многу жар и верба во подобри времиња гласаа за промени и залудно им ја дадоа довербата на ВМРО ДПМНЕ“.

„Она што загржува е дека не само во првите 100 дена од владеењто на оваа Влада, туку дека ако вака се продолжи вака ќе биде исто дури и полошо и во наредните 1000 дена од управувањто со државата“, оценува Љубиша Николовски.

Еуфоријата од изборната победа треба да заврши и да се замени со државнички одлуки

Во однос на реформите во делот на борбата против корупцијата за Николовски останаа само секојдневните закани без никаква институционална завршница, а Петар Арсовски смета дека за борбата против корупцијата, како и за привлекување нови стратешки инвестиции, сега засега остануваат само очекувања.

Нано Ружин оценува дека во однос на реформите партијата што ја презеде власта е сѐ уште во еуфорија.

„Наместо со реформи се бават со ирационални пресови за поранешната министерка за култура“, укажува Ружин

Треба веќе да им помине таа еуфорија и да се свртат кон обврските што ги очекуваат во иднина.

„Ќе дојде време за државнички одлуки за реформска подготвеност, решителност за да продолжиме по патот што е зцртан“, смета Нано Ружин.

Вообичаено за анализите за почетниот период од работата се и проценките за насоката во која се движи земјата и до кој степен таа е во согласност со нејзините стратешки интереси.

Петар Арсовски смета дека е рано да се говори за вкупната насока во која се движи земјата, но, вели, предизвиците се големи.

„Веќе во првите месеци, се појави антагонизам со Албанците, антагонизам на линија на Преспанската спогодба, никаков напредок со Бугарија, а приближување со Орбан. Ако е тоа правецот во кој планира владата да ја движи земјата, брзо ќе се соочи со критика од меѓународната заедница“, проценува Арсовски.

Стратешките интереси, вели Николовски, одсекогаш различно се толкувале од страна на главните политички субјекти. За некои било јасно кои се тие, за некои до ден денеска нема јасна слика што се тие и каде ја гледаат Македонија во иднина.

„Ако со соседите не изградите собрососедски односи, како и со САД и ЕУ, тогаш вие не знаете каде го водите овој брод, зашто не го гледате светилникот на карпестиот брег“, предупредува Николовски во оваа анализа за првите 100 дена од актуелната Влада.

Текстот е сопственост на Рацин.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.