Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Ларис Дир, на својот профил на Платформа „Х“ ја одбележа 211 годишнина од раѓањето на украинскиот гениј, писателот Тарас Шевченко.
Наследството на Тарас Шевченко оди далеку надвор од литературата – тоа е патоказ за Украинците во борбата за независност, демократија и правда, напиша амбасадорката Дир.
Тарас Шевченко, на украински Тарас Григорович Шевченко, (9 март 1814 – 10 март 1861, е украински херој и познат светски писател.
Роден е во с. Моринци, Кијивска губернија, во тоа време дел од Руската Империја.
Бил член на Братството на Кирил и Методиј. По обвинувањето за антидржавна дејност бил во затворен во Оренбург (1847-1857). Неговиот „Завет“ е преведен на голем број јазици. На македонски го има преведено Блаже Конески.
Тарас Шевченко е најголемата фигура во украинската книжевност.