Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: 250 нови еколошки автобуси – решение за подобрување на јавниот превоз и намалено загадување

0
By Ivana on September 29, 2021 ВЕСТИ
фотоархива: градоначалничката Данела Арсовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедување на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, е еден од клучни проекти на независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

На денешната прес конференција, Арсовска продолжи со детално претставување на проекти од нејзината програма. Со 250 нови еколошки автобуси Арсовска планира да го реши сообраќајниот хаос и да се обезбеди подобра и побрза поврзаност во градот.

-Скопје има егзистенцијални проблеми кои мора да ги решаваме. Мора да имаме брзи и сигурни проекти што ќе го направат Скопје подобро место за живеење. Бидејќи сите сме сведоци на нечисти автобуси во јавниот превоз за кои никој не води грижа и кои не се водат според возниот ред. И токму јавниот превоз е еден од најголемите проблеми на нашиот град. Јавниот превоз не е само проблем сам за себе. Тоа што тој е нефункционален, нередовен и скап, создава сериозна потреба граѓаните да ги користат исклучиво своите возила. Тоа создава дополнителен проблем, односно преоптеретување на градските улици. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. А решение е набавка на нови 250 еколошки автобуси, дел на електрични напојување, дел на природен енергенс. Ова ќе чини далеку поевтино од секакви големи проекти а ќе значи решавање на децениски проблем во Скопје, изјави Арсовска

Според Арсовска, со реализација на овој проект ќе се намали загадувањето, односно ќе биде еднакво на нула. Скопје и скопјани ќе добијат сигурен и брз транспорт, без притоа да се изгуби зеленилото на градот, без поместување мостови, без мегаломански утописки проекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.