НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада – протестите на ДУИ како можност за ослободување од режимот на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без оглед на тоа дека некои политички идеи и ставови на ДУИ се неприфатливи, во моментов единствено тие превземаат сериозна и осмислена кампања за пад на режимот, и затоа нема дилема дека сите треба да им се придружат во активностите односно демократскте протести кои деновиве ќе започнат, барем според најавите.

Тони Науновски

Македонија пропаѓа со оваа власт. И помалку е важно кој и како, на кои начини ќе го започне процесот на ослободување на државата и народот од јаремот на овој режим – единствено ограничување, се разбира, е тоа да биде на демократски начин, преку нови слободни и фер избори (какви што не беа оние на 8 Мај, пред се заради институционалните манипулации со гласачката волја на народот и заробените медиуми). И навистина не е толку важно кој и како ќе ја започне борбата за слобода и демократија, посебно што таа борба ќе биде многу тешка и мачна, во тоа нека не се сомнева никој. Сите релевантни индикатори и факти сугерираат дека основа на овој режим е одржување на самиот режим, партизација на државната и јавна администрација со 78 проценти зголемени плати за истите, и целосно окупирање на јавно-медиумскиот дискурс. Технологијата на владеење на режимот, кои инаку е историски познат од авторитарните, диктаторски режими, перманентно се усовршува сама по себе во својот деформитет заради иманентната алчност за повеќе и повеќе власт.

Во пресрет на таа насушна потреба на народот за ослободување од режимот, сите оние кои не се директни контрактори со режимот и не се дел од профитерските шеми, мора да бидат подложени на масовно и континуирано вистинито информирање. Соочувањето со свирепите факти за пропаѓање на државата по сите основи и позиции на политиката, етапно ќе доведе до критичко размислување и демаскирање на манипулациите и лагите на силната агитпроп машинерија на власта, лагите кои секојдневно ги дифузираат во јавноста и сите други ефтини пропагандистички фолирања. Македонија и секој од нас што живее овде – за првпат откако е конституирана независната држава – ќе се соочува (всушност, веќе се соочува) со полната сила на деструкцијата и Арентовското непосредно доживување на лицето на злото прикажано во реалноста. Нема ниту приближно некаков пример за споредба во однос на тоа со што се соочуваме денес. Сите споредби со 2015 година се погрешни и апсурдни – тоа владеење беше детска играчка во споредба со ова сега!

Пежоративно кажано, ако некои мислеа дека тоа беше режим, се лаже – допрва ќе види што е режим! Мицковистичко Дпмне целосно се разликува од тоа Вмро-Дпмне тогаш, во сите аспекти на своето функционирање, и како партија и како власт. Иако повеќето ликови во раководството на таа партија и владата се истите, никако не треба да се заборави круцијалниот факт што објаснува многу работи – дека во таа партија постои принципот на тотална верност кон „лидерот“, беспоговорна послушност кон неговите „политики“, и тоа на ниво што не е присутно дури ниту во војничката хиерархија и субординација. Таму, што ќе каже лидерот – тоа е политиката на партијата и сите од прв до последен ја спроведуваат на дело, колку и да е таа штетна за народот и државата. Звучи чудно за 21 век, но така е, фактите и емпиријата недвосмислено го докажуваат тоа.

Оттаму, со овој нивен лидер кои за жал е и премиер на државата, Македонскиот народ и сите што живеат овде се сооочуваат со нешто невидено, нова ситуација, за која 2015 е Дизниленд! Патем кажано, тука е и одговорот зошто некои луѓе, меѓу кои и јас, иако поддржувавме некои добри проекти на владата во годините до 2015 – како Скопје 2014 (без сомнителните тендери за изградба, се разбира), слободните индустриски зони, паричната помош за многудетни семејства и сл., денес сме критичари на мицковистичко дпмне – просто кажано, тоа Вмро-Дпмне беше суштинска, и идеолошка и секаква друга спротивност со ова денешно Дпмне на Мицкоски, Тимчо, некојси Сајкоски и другите околу нив.

Во пронаоѓањето на се повеќе луѓе кои ќе се освестат за сите политички лаги и деструктивни политики на режимот за овие 100 дена, не смее и не треба да има никакви предрасуди или некакви ривалитети – прво да се ослободиме од режимот, па потоа се друго. Создавањето на таков масивен народен фронт против режимот може да започне деновиве, бидејќи се појавува првата шанса за предизвикување на предвремени избори. Имено, без оглед на тоа дека некои политички идеи и ставови на ДУИ се неприфатливи, во моментов единствено тие превземаат сериозна и осмислена кампања за пад на режимот, и затоа нема дилема дека сите треба да им се придружат во активностите односно демократскте протести кои деновиве ќе започнат, барем според најавите.

Се чини дека ДУИ веќе дознаа дека направија две големи грешки во изминатите 100 дена и ги научија лекциите. Првата е дека секој облик на колаборационизам со режимот – како на пример гласањето за зголемување на бројот на министерства и измените на законот за локална самоуправа – само го зацврстува режимот, и ништо друго. Втората е дека идејата за „принципот победник со победник за формирање влада“ не може да се реализира со мицковистичко Дпмне, бидејќи тие имаат долгогодишна соработка со Влен и којзнае какви политички и други договори.

Ако во ДУИ конечно ја научиле и лекцијата дека мора долгорочно да се воспостават фер односи во коалиција, и дека падот на претходната власт во голема мерка беше предизвикана од нивното многу често ирационално и провокативно делување, се отвора можноста за создавање на нов почеток на соработка со СДСМ и сите други партии и групи кои исто како тие дознале дека со овој режим сите страдаме, без оглед на националноста и религијата. Оттаму, нивната битка не може да биде битка само против Влен – па, Влен и мицковистичко Дпмне се практично едно, тие се толку цврсто поврзани и знаат дека ако едниот од нив не е таму во влада, и другиот нема да биде. Опортунизмот и лукративните, материјалистички интереси на режимот очигледно се толку силни, што ништо нема да ги натера оние од Влен да излезат од власта и да бидат заменети со нив.

Затоа ДУИ мора конечно да сфатат дека се борат првенствено против мицковистичко Дпмне и кексите и млекото на нивната богата трпеза на власта, која нема лесно да ја напуштат. Познавајќи ги ДУИ и нивната политичка решителност, не верувам дека ќе престанат со демократските протести за реализација на нивните познати барања кои всушност нема да може да се случат без оставка на владата и нови парламентарни избори. И ете ја првата долгоочекувана шанса (долги 100 дена), можност за демократско соборување на режимот која мора да се искористи. Со мало проширување на барањата на ДУИ и обичен повик да им се придружи кој сака, нема сомнеж дека брзо и лесно може природно да се создаде силна народна коалиција против режимот и да се предизвика формирање на техничка влада по што би следеле предвремени избори.

Во алузија на Черчил, протестите на ДУИ не се крајот на борбата против режимот но сигурно можат да бидат почеток на крајот на режимот на мицковистичко Дпмне, Влен и Знам.

Текстот е сопственост на Локално.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.