Јемаси: Полицијата на ова американско градче во Јужна Каролина со 2.000 жители ги повика своите сограѓани да ги затворат вратите и прозорците од своите домови поради опасност „медицински“ мајмуни да не им влезат во домовите и да рашират вируси.
Мајмуните избегале од истражувачкиот центар Alpha Genesis. Градските власти поставиле стапици за да ги фатат животните, а полицијата користи и термоснимачки камери за да ги лоцира.
Грег Вестергард, извршен директор на Alpha Genesis, изјави дека мајмуните избегале откако чуварот не успеал да ја заклучи вратата.