НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жители на Врање доаѓаат по млеко во Северна Македонија

0
By Sashko on September 14, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Недостигот на млеко во последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Северна Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко. Млекото е поскапо за десет динари (пет денари), но, како што велат, го има доволно во маркетите.

Како што пишува белградската „Нова.рс“, свежо млеко сè уште нема и во најснабдените маркети во Врање, нема ниту стерилизирани млеко, само повремено на некои маркети може да се најде пакување, кое, како што велат продавачите, „набрзина се разграбува“.

„Луѓето прават залихи, зашто неколку пати наишле на празни рафтови поради оние кои панично купуваат, и сега дури и тие што купиле некои вообичаени, нормални количини, купуваат по неколку пакувања ако наидат на некоја количина“, изјави за „Нова.рс“ вработена во познат ланец на маркети.

Многу врањанци кои имаа можност викендов купуваа млеко во соседна Северна Македонија или роднини и познаници на минување им носеа залихи на млеко.

„На мојата роднина ѝ донесов неколку пакети затоа што пред да дојдеме на гости ми кажа дека овде нема млеко. Колку што знам во Скопје го има доволно и чудно ми е затоа што претежно тоа е млеко од Босна и Херцеговина или Србија“, рече потрошувачка од Скопје за „Нова.рс“ и додаде дека нема забележано оти луѓето во паника прават залихи и оцени дека луѓето што тоа го прават во Србија создаваат дополнителни проблеми.

Стерилизирано млеко во Северна Македонија чини околу 70 денари (околу 140 динари), а жителите од Србија кои го купуваат таму ризикуваат да имаат проблеми на границата поради транспорт на тој вид храна, пишува „Нова.рс“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.