НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот

0
By Zoran Ivanov on May 3, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28, АПТ28, кој е контролиран од Русија, против Германија и Чешка, се наведува  во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија, СПД, а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот чинител беа и државни институции, агенции и ентитети во други земјите членки на ЕУ, меѓу кои и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска, како и дека во 2020 година Унијата воведе санкции за поединци и субјекти одговорни за нападите на АПТ28 насочени кон германскиот Федерален парламент во 2015 година.

Злонамерната кибер кампања го покажува континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во кибер просторот, таргетирајќи ги демократските институции, владините ентитети и провајдерите на критична инфраструктура низ Европската Унија и пошироко. Овој тип на однесување е во спротивност со нормите на ОН за одговорно државно однесување во кибер просторот, како што е нарушување на користењето и работењето на критичната инфраструктура. Занемарувајќи ја меѓународната безбедност и стабилност, Русија постојано го користеше APT28 за да спроведе злонамерни кибер активности против ЕУ, нејзините земји членки и меѓународните партнери, особено Украина, се додава во изјавата на Борел дадена во име на Европската Унија.

ЕУ и нејзините земји членки ќе продолжат да соработуваат со нашите меѓународни партнери за промовирање на отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор. ЕУ е решена да го искористи целиот спектар на мерки за спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот, се додава во изјавата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.