3-ти мај
Димитар Ковачевски – СДСМ: Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод извештајот на Репортери без граници и позиционирањето на Македонија Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно на 36-то место заедно со останатите развиени европски демократии.
Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности.” – посочи Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.
Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа посочувајќи дека стекнатиот статус беше партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните и медиумите, како и медиумските организации.
Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати“, истакна Ковачевски.
Тој додаде дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочи вниманието на важноста на продолжувањето на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.
Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите, порача Ковачевски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Сања Лукаревска – СДСМ
Ветувањата ги остваруваме. Овде од Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите. Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.
СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка. Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома.
Јорого Огненовски – Демократи:
Криминалните партии и за оваа кампања и избори се` прават како и до сега. Ветуваат ридови и долини, лажат и манипулираатдемек меѓу себе се критикуваат и расправаат, а од позадина се договараат и прават се исто како и до сега. Сакаат пак да ни ги исперат мозоците, да ни ги изманипулираат емоциите, пак да гласаме за нив и пак исто да владеат и да не крадат.
СДС ќе не внесува во ЕУ, ама ќе си мести тендери и ќе ги краде европските пари – како и до сега. ДРПНЕ ќе не брани од лошите бугари, и ќе не одбрани како што не одбрани од лошите грци, од промената на името Македонија, од терористите 2001 г, од територијалната прераспределба и ќе си краде, пери и ќе си рекетира буџетски пари од општините и од буџетот како и до сега. ДУИ ќе се бори за правата на Албанците во Македонија и регионот, ана штета на државните интереси и буџетот,
И сите тие ќе си прават затворени изборни листи и ќе ги рангираат кандидатите според спремноста да крадат за партијата и да ги чуваат криминалните партиски тајни, нема да дозволуваат да се промени изборниот закон и да се воведат отворените листи, и ќе си ги прават истите изборни измами и криминали исто како и до сега.
На овие избори ние граѓаните имаме можност и опција да гласаме за партија која ја разбива оваа политичка мафија, овие крвници и душмани на граѓаните и државата – и затоа сега сите ќе гласаме за Демоктрати. Заедно со граѓаните, сме хероите на денешното време бидејќи само ние се бориме за итно воведување на отворените изборни листи, и со нив за враќање на државата и власта на граѓаните, рече тој.
Арбер Адеми – ДУИ:
Неопходно е консеквентно почитување на Баденетеровото мнозинство за, како што рече, да имаме функционирање на институциите и демократијата на дело.
Намерата за инсталирање на овој механизам и инструмент точно со Охридскиот рамковен договор било за да нема мајоризација, надгласување на мнозинството врз немнозинските заедници. Бадентерот не може да се уништи. Меѓутоа, што значи Бадентер? Бадентер имплицитно утврдува дека застапеноста на волјата на немнозинската заедница не може да остане занемарлива. Значи, може да имате влада со 61 пратеник, но во исто време да имате Бадентер за потоа да не се жалиме дека институциите не функционираат и не одат напред реформските процеси, рече Адеми.
Начинот на гласање на новата влада е предвиден со Уставот и доследно ќе бидат применети уставните одредби.
Ние, како политичка опција сме заинтересирани да продолжиме со нашите активности во убедување на граѓаните дека сме вистинската опција за преточување на нивната волја во конкретни политики за подобро утре за сите.
Александар Николоски – ВМРО-ДПМНЕ:
Големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија. Навистина е импресивно што во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот.
По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.
Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.
Даниел Стојчевски – ЗНАМ
Граѓаните сега имаат можност да направат избор со кој ќе видат дека има начин за да биде подобро, а изборите што се прават сега ќе ја одредат иднината на нацијата. Тој потенцира дека изборите овој пат не се само за тоа кој ќе управува, туку се за враќање на
довербата во институциите, како и за создавање на Македонија која е посилна, почесна, и поправедна.
Ние сме тука да предложиме конкретни решенија за трајни промени .Првата мерка е зголемувањето на казните за злоупотреба на службена положба и овластувања, со казна затвор од минимум 10 години. Втората, ќе воведеме принцип на незастарување за делата на криминал и корупција.Третата, зајакнување на капацитетите и интегритетот на судскиот систем преку избор на судии и обвинители кои имаат докажано искуство и знаење, со минимално 10 години стаж и завршена Академија за судии и јавни обвинители. Четвртата, укинување на доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители и воведување на систем за реизбор на секои шест години.
Тој нагласи дека оваа битка е битка за сите нас, битка за почесна и праведна Македонија, без корупција и неправда. Според него секој од нас е дел од решението и треба здружено да се работи за иднина во која правдата не е само идеал, туку ќе биде реалност за секој граѓанин на
земјата.
Сашко Јанчев – Левица:
Носителот на листа од Левица во ИЕ 4 Сашко Јанчев, во своето обраќање до граѓаните, стави акцент на поданичките политики на СДС и ДПМНЕ, кои, како што рече, ја доведоа Македонија во ситуација да повеќе го нема луксузот да се движи по досегашната траекторија.
Македонија не смее да ги бира оние кои веќе 30 години се директни виновници за ова дереџе во кое се наоѓа државата. Македонија нема луксуз да ги гласа истите, а да очекува промена. Нема што повеќе да зборуваме за СДС на нашата земја. СДС се претвори во историски најантимакедонската организација која некогаш постоела, истакна Јанчев.
Исто и со ДПМНЕ, рече тој обраќајќи се пред присутните
Се чувствував предадено и кога гласаа за амнестија на Хашките случаи. За амнестијата гласаше и носителот на ИЕ4, Александар Николовски. Се чувствував предадено кога позајмија 8 пратеника за промена на името, а наместо на протест, Мицковски беше на прошетка во Битола. Се чувствував предадено кога Мицковски му рече на Борисов дека „ште го поткрепи“ договорот за добрососедство со Бугарија,
Затоа, не го ситнете отпорот, не го трошете бадијала гласот, дајте го на Левица, за да има што повеќе пратеници во Собрание кои се на страната на народот, порача Јанчев.