НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За или против интерпелација на Африм Гаши: Има ли некој воздржан

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако сите фигури се наместени, а исходот на оваа иницијатива е предвидлив, како и текот на самата дискусија по ова прашање, овој случај отвора низа прашања за политичките односи и перспективи во пресрет на најавуваната „жешка политичка есен“ во земјата.

Биљана Јордановска

Интерпелацијата на собранискиот спикер Африм Гаши е закажана за 3 септември. Левица, како подносител, се произнесе во 7 точки на 10 страници зошто е таа потребна давајќи бланко поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за нов спикер од нивните редови само да се смени Гаши.

ЦивилМедиа два пати упати прашања до сите парламентарни групи, освен до Левица како подносител, дали ќе ја поддржат интерпелацијата на Гаши. Прашањето беше испратено на 22 и повторено на 29 август. Одговор немаше. Ниту една од партиите што го добија прашањето на ЦивилМедиа не одговори: СДСМ, ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ДУИ – не најдоа за сходно да одговорат на ова важно политичко прашање. Но, иако овој молк може и треба да биде посебна тема, да погледнеме како стојат работите околу иницијативата за интерпелација на првиот парламентарец во земјата врз основа на веќе познатите факти.

Во што се состои барањето за интерпелација?

Како што соопшти Левица на прес конференцијата на 6 август, барањето за интерпелација на Гаши се состои во седум точки и тоа, наводно, за повреда на секуларноста на државата, повреда на дипломатските правила (случајот Вјоса Османи), повреда на употребата на македонскиот јазик во Собранието, присуството на знамињата на НАТО и ЕУ во пленарната сала, непотизам (патувањето на сопругата на Гаши со него во Вашингтон), и повреда на деловнички одредби.

За или против интерпелација

По низа други поводи, вклучително и брифингот за новинари на Гаши во Собранието, јавноста успеа да добие неколку одговори во врска со интерпелацијата.

Наспроти отворената „бланко понуда“ за поддршка од Левица до ВМРО-ДПМНЕ да изберат претседател од своите редови, Мицкоски недвосмислено изјави дека ќе го поддржи коалицискиот партнер ВЛЕН, а нема да ја поддржи Левица и покрај „великодушната“ понуда.

„Начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот, како ги води седниците и сè тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник. Претпоставувам оваа коалиција и политичари од рангот на Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети им е подобра, отколку сегашната состојба, но јас не мислам дека е така и затоа нема да поддржиме ваков тип на интерпелација“, дециден беше Мицкоски.

Очекувано, министерот за здравство Арбен Таравари изрази мислење дека интерпелацијата на Гаши ќе биде неуспешна, но и дека ќе ѝ даде можност на опозицијата да направи спектакл.

„По тоа што слушам, не верувам дека ќе помине. Поголемите партии што се коалициски, тие што се во Владата, во мнозинството нема да ја изгласаат. Ќе биде неуспешна, меѓутоа ќе има шанса за спектакл од тие што се во опозиција“, рече Таравари.

Од ЗНАМ досега нема реакција, но затоа СДСМ најверојатно ќе ја поддржи интерпелацијата.

Што се однесува до ставот на СДСМ, за потсетување, веднаш по поднесување на барањето на Левица за интерпелација, потпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, истиот ден изјави дека СДСМ ќе му даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши кој во меѓувреме доби кривична пријава и отстранување од работното место.

Но, како што изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, главното прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ не почне постапка за смена на собранискиот спикер во контекст на сите нивни најави и изјави за одговорно работење на кој било функционер којшто е поставен на која било позиција. Но тој, исто така, најави дека пратеничката група на СДСМ ќе има координација во однос на ова прашање оваа недела, по што ќе ја информира јавноста за нивната позиција. Таква изјава немаше до крајот на неделата.

Гаши, иако ќе го стави прашањето на дневен ред во Собранието на 3 септември, за него интерпелацијата не е политички издржана.

„На седницата на Собранието на 3 септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, истакна Гаши.

Иако сите фигури се наместени, а исходот на оваа иницијатива е предвидлив, како и текот на самата дискусија по ова прашање, овој случај отвора низа прашања за политичките односи и перспективи во пресрет на најавуваната „жешка политичка есен“ во земјата. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.