Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинар, колку грдо звучи …

0
By Zoran Ivanov on December 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 27, 2025 13:54

Не е единствен со енормно големо богатство во категоријата добро платени службеници, кој и покрај се’, не може да докаже од каде му се и заштедите и капиталот во недвижнини и движнини, (не мора да се на негово име, затоа што работи по теркот на политичките арамии аналфабети во независна Македонија и валкано стекнатиот имот го префрла на сопругата, венчана или не, на братучед му, на шоферот, за демек, ако дојдат јајцата до газот да докаже дека тој нема ништо со тоа), кога, освен тоа што е добро платен новинар, математиките покажуваат огромни разлики во однос на “стекнатото“, ко да бил политичар на висока позиција …

Борче Трајковски

Ви текнува ли на еден богат новинар или таканаречен новинар, кој не бил, или не е во спрега со властите во Македонија? Такви новинари нема, а нема ниту такви бизнисмени. Само заради лепакот со властите, таканаречените “успешни новинари“ во Македонија се богати. Тие се уштекани во која било власт и се барабар со политичките арамијски “елити“ во власта. Се богатат и едните и другите. И едните и другите се заштитени како белите мечки на Арктикот. Други “новинари“ се дебело платени од некои “жути комбиња“ за да сеат “вистина“ во паковка за најголема лага и секогаш се контра “уштеканите“.

Всушност се истите. Кога и едниве и другиве ќе се исклучат од напојувањето, бесшумно ги менуваат штекерите, едни одат на утикачот на новата власт, другиве фаќаат седиште во жутите комбиња и продолжуваат да се “полнат“.

Ним им е сеедно кој е на власт а кој ги управува “жутите комбиња“. Битно им е да имаат редовен извор за добра заработувачка. Оние кои себе се класифицираат во независни и самостојни новинари, оние кои на работите гледаат со сопствени очи, слушаат со свои уши, прават независни новинарски истражувања и анализи, пишуваат разумни колумни и статуси, можеш да ги изброиш на прстите од едната рака, или, едноставно да речеш, ги нема бе брат. За нив нема место ниту во политиката на властодршците, кои и да се, ниту во кабината на “жолтите комбиња“, затоа што не знаат да свират по желба на оној што ќе пушти паричка во “џубоксот“. Тие се на социјалните мрежи и ретко кој ги забележува. Штета…

Феноменот е сместен во изместениот код на “мкд пучанството“, односно по нашки, во наметнатиот дефект на жителите на државава. Мнозинството решава кои новинари ќе ги чита, кои интервјуа ќе ги гледа, чиви подкасти и презентации ќе апсолвира, демек, анализира за да ги прифати како реални, вистинити или лажни, само оние кои ги подржуваат нивните политички избрани функционери, дека само тие ја зборуваат и пишуваат виснитата, другиве цк. Другите, кои и да се, лажат. Таа плитка или никаква анализа го креира богатото новинарство …

Во последно време актуелна е “Војна и Мир“ на опозицијата од Бихаќка со еден богат новинар, кој, за себе знае да каже дека е и мајка и татко на мкд новинарството, а мнозинството му верува затоа што е на страната на власта, затоа што ја подржува власта, односно, затоа што е апла против опозицијата, против СДСМ. Не е единствен со енормно големо богатство во категоријата добро платени службеници, кој и покрај се’, не може да докаже од каде му се и заштедите и капиталот во недвижнини и движнини, (не мора да се на негово име, затоа што работи по теркот на политичките арамии аналфабети во независна Македонија и валкано стекнатиот имот го префрла на сопругата, венчана или не, на братучед му, на шоферот, за демек, ако дојдат јајцата до газот да докаже дека тој нема ништо со тоа), кога, освен тоа што е добро платен новинар, математиките покажуваат огромни разлики во однос на “стекнатото“, ко да бил политичар на висока позиција …

Се сеќавате ли на репликата од бомбите: “Сега ќе се повлечам како мечка во пештера и ќе си уживам со милион евра на сметка!“ Знаете ли колку е богат нејзиниот “патрон“ во новинарската фела?

А знаеме ли колку е богат Кикифрики, или колку се богати сите оние кои од овие “таленти“ направиле полтрони, интересџии, поткупливи, корумпирани новинари?

Многу повеќе.

А знаете ли колку имаме вакви “новинари“ и квази новинари?

И јас не знам, без гајле. Знам дека ако речеш Новинар, грдо звучи …

п.с. Чест на онаа шака прави новинари, кои, за жал, се во последниот круг …

Од Фејсбук ѕидот на авторот

борче трајковско колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.