Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Враќање само во песните

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2026 09:13

На континентот на кенгурите Македонците изградија 23 цркви и 2 манастира. Децата им се во училиштата и на факултетите. Многу од нив формирале семејства. Во Илавара имаа Македонски театар. Во секој град училиште за дополнителна настава на мајчиниот македонски јазик, додека ние овде им ставаме катанец на вратите на многу училишта, зашто се помалку имаме деца.

Бошко Нацевски

Чиста илузија е тврдењето дека нашите иселеници ќе почнеле да се враќаат назад.

Според една, можеби не најреална, но приближно вистинита состојба, една четвртина милион Македонци има во Канада. Речиси ист е бројот и на нашите во Америка. Тука некаде се врти и бројот на населените во Австралија. И низ земјите на Стариот континент не има приближно толку.

Премиерот се почесто се пројавува како голем оптимист и се расфрла со тврдењата за враќање на нашите од дијаспората дома. Очигледно тоа го прави од пропагандни, а можеби и од сентиментални, но во секој случај не и од реални причини. Такво нешто има само во култната песна на незаборавниот Никола Бадев “Збогум либе”. Или ај да додадеме уште еден стих “Не плачи милно либе, не жали, јас пак ќе се вратам”. “Мало сутра” е работата. Каде тој милион ќе се врати. Во Мариово, од каде и орлите одлетаа. Во куќите разурнати. По беспатјата.

На континентот на кенгурите Македонците изградија 23 цркви и 2 манастира. Децата им се во училиштата и на факултетите. Многу од нив формирале семејства. Во Илавара имаа Македонски театар. Во секој град училиште за дополнителна настава на мајчиниот македонски јазик, додека ние овде им ставаме катанец на вратите на многу училишта, зашто се помалку имаме деца. Во еден период само во Мелбурн постоеја десетина културни друштва, во кои се негуваше македонскиот фолклор. Тоа не значи дека Македонецот не тагува по својата родна грутка. Не го гори печал во душата за Татковината.

Меѓутоа, животот е многу посложен од оној во песните таговни за прадедовската земја од која поникнале, кои предизвикуваат солзи и липање.

А што може да им понуди Татковината денес, во која работните места однапред си ги плаќаме. Да не речам се купуваат. Нашата социјална политика, место да не приближува, немерно не оддалечува од другиот свет. Се претвораме во осамен остров, изолирана дестинација во сите домени – политика, економија, култура. Исфрлени ни се од рацете безмалку сите адути со кои би ги намамиле да ни се вратат заминатите во далечните светови.

Раселените преку океаните. Населени по туѓински меридијани. Не ни останува друго, освен едни со други да не се заборавиме. И низ песните да ги оплакуваме судбините. Државата, со ретки убавини, какви што ги нема во други делови на планетата, ја разретчивме. И треба сами да се осудуваме за непростивиот грев, што успеавме да ја испустееме.

Во една пригода, претседателот Киро Глигоров, на група новинари од нашата дијаспора, со глас во кој не можеше да се сокрие трепетот од бол, им рече: “Повеќе од се, сакаме да се вратите дома. Но, најнапред треба ние да израснеме во држава со приближно исти животни услови со оние во кои вие сте денес”.

Тоа е вистинскиот предуслов.

За жал, ние место исчекори, изведовме серија од нови падови. И најмалите надежи ги претворивме во илузии. Барем да не ги уриваме постојните мостови што не поврзуваат со нашите отселени во туѓинските светови. Да бидеме, барем во мислите, секогаш едно и заедно!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бошко нацевски коллумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.