Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Афера: Кој е новиот инвеститор во „Дрисла“

0
By Сашка Цветковска on July 17, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Градот конечно ќе добие современ начин на депонирање на отпадот. Сегашната депонија ќе се запечати, а на нејзино место ќе никне нова и современа. Јавното – приватно партнерсто со ФЦЛ „Амбиенте“ е потпишано на 35 години. Се очекува годишно новата депонија да остварува профит од пет, шест милиони евра, од кои 20 отсто ќе ги добие градот – вака градоначалникот Коце Трајановски на почетокот на месец Јануари годинава бобмастично ги најави инвестициите на италијанската компанија ФЦЛ „Амбиенте“ во ЈП Дрисла.

Изјавата на скопскиот градоначалник следеше веднаш по потпишувањето на договорот со кој што Јавното претпратије „Дрисла“ доби нов, мнозински странски партнер, односно сопственик од кого во наредните 4 до пет години се очекува да инвестира 73 милиони евра за депонијата да ја претвори во модерна европска фабрика за преработка на отпад и производство на енергија од отпад.

Идејата „Дрисла“ конечно да заличи на простор кој и прилега на една цивилизирана земја звучи одлично, а јавно-приватните партнерства во кои општините се здружуваат со приватни компании во име на граѓанскиот интерес е сосема вообичаена и во праксата, доста функционална комбинација во сите европски држави.

Но, прашањата и дилемите околу „интересите“ се јавуваат во моментот кога ќе се погледне историјата на фирмата победник на тендерот за концесија врз „Дрисла“, портфолијата на другите фирми учеснички на тендерот и начинот на кој е донесена оваа одлука.

ТАЗЕ КОМПАНИЈА – ГОЛЕМИ АМБИЦИИ

Од податоците кои можат да се погледнат во Централниот регистер во Италија, инвеститорот ФЦЛ „Амбиенте“ е, всушност, тазе компанија основана на 9 февруари 2012 година или помалку од една година пред потпишувањето на договорот и дури три месеци по објавувањето на тендерот од страна на град Скопје, а со статус на денот на регистрација „неактивна“. (јавен повик 17-3898/2 од 17.11.2011).

Основач на компанијата е Масимилијано Ферацоли, сега веќе дел од раководството на „Дрисла“. Иако амбициите на Италијанецот Ферацоли се да аплицира на тендер вреден десетици милиони евра, тој компанијата ја основал со влог од 10 илјади евра. Како влог го пријавил имотот на компанијата „Италија Консалтинг С.Р.Л“ проценета на 100 евра, а останатите 9.900 евра се од друга негова компанија „Финансиариа Центро Лацио С.П.А“.

За разлика од анонимната „Италија Консалтинг С.Р.Л“, другата фирма има своја веб страница на која може да види дејноста со која се занимава семејството Ферацоли или актуелните ко-сопственици на „Дрисла“. Финансиски консалтинг, како што впрочем кажува и самото име. Масимилијано Ферацоли, неговиот син Доменико Ферацоли и Џулијано Мари, сите дел од „Дрисла“, се во раководниот тим на „Финансиариа Центро Лацио“. Ако побарате да видите други нивни проекти врзани со бизнисот со депонии, преработка на отпад и слично, нема да имате успех. Но, затоа може да се прочита интересен детаљ за „ФЦЛ Амбиенте“. Имено, во нивниот список на проекти, овој е единствениот за кој се отвора некако напис во делот на портфолија на фирмата. И во него пишува дека „ФЦЛ Амбиенте“ е основана со една единствена намера – да се превземе скопска „Дрисла“.

-ФЦЛ Амбиенте е подружница на Финансискиот центар Лацио С.П.А , специјализирана во областа на животната средина и енергија.FCL Амбиенте беше основан со цел стекнување на депонијата Дрисла-Скопје во Македонија, преку учество на меѓународниот тендер за приватизација на истите, пишува на веб странициата на Лацио С.П.А.

Во меѓувреме, конструирана е и веб страница на „ФЦЛ Амбиенте“. Ќе се воздржиме од коментар околу тоа дали квалитетот на веб страницата соодветствува на имиџот на една сериозна компанија за каква што Град Скопје го оценува новиот странски инвеститор во „Дрисла“, но ќе забележиме дека единствениот податок кој што оваа страница го содржи е идентичен со оној од веб страницата на „Лацио С.П.А“, а тоа е дека компанијата е основана со цел да ја превземе „Дрисла“.

-Уште еднаш мора да потенцираме дека со договорот за концесионирање Град Скопје и Депонијата Дрисла се правно заштитени , а што се однесува до тековната состојба, сепак треба да се има во предвид, дека фирмата Униеко е субјект кој постои речиси 110 години и перманентно се занимава со оваа дејност, а покрај тоа има широк профил и на други деловни активности, ова е дел од дописот од Град Скопје по однос на нашите прашања, а за компанијата Униеко на чие искуство тие се реферираат, а не на ФЦЛ Амбиенте, ве запознаваме подолу во текстот.

Се разбира, како тазе компанија без никакво претходно искуство во областа на животната средина, на повикот на Град Скопје се јавуваат со партнер, компанијата „Унијеко СЦЦ ЦООП“. Иако „ФЦЛ Амбиенте“ на тендерот најпрво најстапува самостојно, при објавувањето на одлуката од тендерот се појавува содружник во конзорциумот, односно „Унијеко“.
Ако се погледне веб страницата на „Унијеко“ ќе се стекне впечаток дека станува збор за голема компанија со низа различни проекти зад себе, или како милуваат да кажат од Град Скопје во нашите преписки „компанија со 110 години иксуство“.

Но, интересно е дека „Унијеко“ воопшто не се пофалил со партнерството со „ФЦЛ Амбиенте“ и со овој меѓународен успех како концесијата врз„Дрисла“. Таква информација

нема да најдете на нивната веб страница која делува ажурирано и на која се објавуваат разноразни новости за работењето на компанијата дури и за многу „поситни“ нешта.

УТРЕ ПРОДОЛЖУВА: КАКО АНОНИМНАТА КОМПАНИЈА ФЦЛ АМБИЕНТЕ ПОБЕДИ РЕНОМИРАНИ ЕВРОПСКИ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРОТ НА ГРАД СКОПЈЕ? ЗОШТО ГРАД СКОПЈЕ НЕ ЈА ПОКАЖУВА БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА НА ФЦЛ АМБИЕНТЕ? КОИ СЕ ЧЛЕНОВИТЕ КОИ ОДЛУЧУВАЛЕ ЗА ТЕНДЕРОТ? КОЈА ФИРМА СОДРУЖНИК НА АМБИЕНТЕ Е ПОД ИСТРАГА ВО МАТИЧНАТА ЗЕМА?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.