– Ја поздравувам синоќешната одлука на опозициската СДСМ да остане дел до процесот на решавање на политичката криза во земјата преку активно учество во Собранието, Владата како и во работните групи за спроведување на Скопскиот договор, напиша денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук, во врска со одлуките од состанокот на ЦО на СДСМ.
– Се надевам дека во следните денови сите политички партии ќе датат свој придонес за да се надминат и последните отворени прашања прд одржувањето на предвремените избори и на тој начин да бидат ценети од граѓаните како активни учесници во решавањето на кризата и враќањето во нормален тек. Граѓаните очекуваат подготвеност и решителност од политичарите и политичките партии за да носат храбри одлуки во интерес на земјата и затоа ова беше единствената правна одлука во овие пресудни денови. Ние остануваме целосно посветени да помогнеме во подготвките на ДИК за предвремените избори и да ги затвориме веднаш и останатите отворени прашања, вели Ахмети.