Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако не може “Република Македонска”, барем коридорот на “српскиот свет” нека биде на унгарски кредит?

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ивон Величковски

  1. Точна е констатацијата на лидерот на СДСМ Филипче дека договорениот кредит меѓу Мицкоски и Орбан ја воведува Северна Македонија во подредена позиција.

Разликата меѓу условите на ова кредитно задолжување и претходното од Европската банка за развој јасно покажува дека ова е изнудено решение.

Со него ВМРО-ДПМНЕ очигледно брза да ги дополни испразнетите општински каси, со кои 3 години доминантно управуваат кадри на – ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалиционери.

  1. Имено, прашање што се наметнува е зошто 250 од 500-те милиони евра треба да завршат во локалните самоуправи кога владата на Заев, па на Ковачевски веќе ги покри заостанатите долгови на општините.

Или попрецизно, каде се приходите кои со исчистени долгови на општините требало веќе да завршат во проекти, а сега очигледно се упатуваат нови пари за иста намена? И што е финансирано со парите што недостасуваат? Партиска кампања?

Уште поинтересно е прашањето зошто половина милијарда евра кредит од Унгарија би бил поповолен за Северна Македонија од најмалку три пати повеќе пари од европските фондови (од кои дел неповратни) кои се достапни веќе со почетокот на преговорите за ЕУ-членство?

  1. Затоа суштинско државно прашање е кои обврски Северна Македонија ги презема од новоисцртаната “специјална економска соработка” со Унгарија со овие договори на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? И кон кого?

Особено имајќи предвид дека на таков начин ВМРО-ДПМНЕ ја нуди Северна Македонија како подизведувач во политичката трансверзала Фицо-Орбан-Вучиќ.

А нејзин производ треба да биде коридорот на српскиот свет од Куманово по Повардарието до Медитеранот, од Куманово до Гевгелија, кога веќе проектот “Република Македонска” беше пресретнат.

Коридор што има стратешко значење за означената трансверзала само ако Северна Македонија не ги комплетира коридорите 10Д и 8.

  1. Вака поставено, сосем провидно е зошто по трасата на 10Д има “спонтани протести” на мештаните што ја кочат градбата на автопатот, а на трасата на 8 дивоградби се легализирани со законите уште од време на Груевски.

И зошто државната делегацијата на Северна Македонија во Вашингтон беше моноетничка-македонска и монопартиска.

Но и зошто блокирањето на преговорите за ЕУ-членство низ неспроведување на Дополнителниот протокол треба да го јакне антибугарскиот сентимент во јавниот дискурс кај Македонците, паралелно со антиалбанскиот сентимент кој и онака е “на копче” од независноста до денес.

  1. Затоа и нема изненадување зошто:

– остварените “средби” на Мицкоски воглавно се само Фејсбук објави “од маргините на фотосесиите” на вашингтонскиот самит на НАТО,

– за разговорите со бугарскиот премиер дознаваме од владината прес-служба откако за тоа јавија бугарските медиуми и

– за користењето на уставното име на самитот од страна на Мицкоски дознаваме од изјавите на Мицотакис за грчкиот печат – а од Илинденска 2 нема ниту збор.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.