Вашингтон: Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска планира телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со кого ќе разговара за потенцијални воени акции против Иран, објави Аксиос, цитирајќи тројца американски претставници.
Според неименувани извори на кои се повикува американскиот портал, САД сакаат да го искористат овој разговор за да се обидат да влијаат на одговорот на Израел на иранските провокации.
Сакаме да се увериме дека Израел напаѓа цели во Иран кои се значајни, но не несразмерно, рече еден американски функционер.