Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија чекор понапред од Северна Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски чека стабилна бугарска влада

0
By Marija Todorovska on September 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Дестан Јонузи

Скопје и Тирана може да се разделат во нивниот пат кон Европската унија (ЕУ). На 19 јули 2022 година двете земји ја одржаа првата меѓувладина конференција во Брисел, додека сега Европската комисија го закажа вториот состанок за месец ноември со Албанија.

Во меѓувреме, Владата предводена од Христијан Мицкоски чека стабилна политичка влада во Бугарија, со која, како што изјави премиерот, ќе се разговара за идејата за ретроактивни (одложено дејство) уставни измени, со кои се очекува да се деблокира процесот.

– Не би коментирал ниту чекор повеќе ниту чекор помалку. Сега е периодот кога апсолутно ништо не може да се случи во тој процес, изјави Мицкоски.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека закажувањето на втората меѓувладина конференција со Албанија е дефинитивен индикатор дека и овој наш сосед повеќе ќе напредува во евроинтеграцискиот процес од нас.

– Иако комесарот Вархеји не ја исклучи можноста и Северна Македонија да има своја меѓувладина конференција, со оглед на односите со Бугарија, оваа веројатност е многу мала. Ова секако не значи дека, доколку во блиска иднина почнеме да ги отвораме кластерите, нема да ги стигнеме и Албанија, Црна Гора и Србија, со оглед на фактот дека имаме покажано добар напредок на скринзите. Но, во овој момент сè уште чекаме на формалното отворање на кластерите, нагласува Николовски.

Мојот впечаток, додава нашиот соговорник е дека моментално не постои спор со Бугарија кој би го решила евентуално постабилна влада таму.

– Од страна на нашата влада, има желба за ре-преговарање на условите за нашето зачленување во ЕУ, но во Бугарија ова прашање е затворено со францускиот предлог. Моменталните очекувања се дека повторно нема да има стабилна влада во Бугарија и после претстоечките избори. Но, и да се случи тоа, нереално е да се очекува дека постабилна влада би имала некаков поголем слух за барањата на нашата влада, и дека би „попуштиле“ за уставни измени со одложен рок, подвлече тој.

Поранешниот пратеник, Зуди Џелили потенцира дека секој политичар во Северна Македонија знае дека уставните измени се услов за добивање датум за преговори за членство во ЕУ, тоа го знае, вели тој, и премиерот Мицковски, кој најави дека чека Бугарија да добие нова влада и да разговара можен компромисно решенија.

– Меѓутоа, самиот француски предлог е на некој начин компромисно решение, не знам дали во Бугарија некој од политичките фактори имаат разбирање да преговарат пак. Знам само дека се неопходни уставни измени за ние како држава да направиме чекор кон преговори заедно со Албанија. Но, немаме друга алтернатива за подобра иднина, прво треба да ги надминеме партиските интереси во корист на државните. Соработката со соседите, со Советот на Европа треба да се базира на интересот за подобра иднина, а не на враќање во минатото, изјави Џелили за „Фронтлјан“.

На потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Текстот е во сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

ВЕСТИ October 16, 2025

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во…

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.