Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанци со дозвола и Македонци по нарачка

0
By Zoran Ivanov on July 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интересно е што во приказната за “албанската академија”, се разбира совршено вкомпонирано со приказната “за балансерот”; никој не ја искористи можноста да ја отвори суштински темата: дали ретроградноста, квази-национализмот и наследената и селектирана “елита” е она што треба да ги идентификува Македонците преку “одбрана” на моноетничката и конзервативна Академија?

Никица Корубин

Одговорот на прашањето, кој ги гарантира сите права на граѓаните и еднаквиот пристап до институциите, како креатори на истите, а не корисници; теоретски е прилично лесен: уставот и целокупниот правен поредок. Но, судејќи според реакциите на идејата (предизборна, да нема заблуда) за своевидна “албанска академија”, практично воопшто не е така. Уставот и правниот поредок се чини се само формата, ама бруталната “суштина”, односно во случајов “сила” се на сосема друго место. Мистериозно место кое ја определува и распределува реалната моќ: кој смее и може, а кој не смее и не може да биде креатор на институциите.

Па, така откако “се забарикадиравме” од надвор, следи внатрешната “реформа”, по теркот на предизборната мантра “ЕУ не ни треба – да ја средиме државата од внатре”. Па, после сите експресно поминати антагонизми (антибугарски и антигрчки), за “по дома” останува најефикасниот антагонизам – антиалбанството. И тука воопшто не станува збор за самата идеја, која е дискутабилна, но произлезена од реална состојба; туку реакцијата на неа.

Реакција која на површина не само што брутално ја (из)вади изворната албанофобија, туку по кој знае кој пат инзвонредно сликовито покажува, зошто морало да дојде до Охридскиот договор, за почитување на елементарна еднаквост на граѓаните, во општество кое упорно се држи заробено, метафорички и реално.

Интересно е што во приказната за “албанската академија”, се разбира совршено вкомпонирано со приказната “за балансерот”; никој не ја искористи можноста да ја отвори суштински темата: дали ретроградноста, квази-национализмот и наследената и селектирана “елита” е она што треба да ги идентификува Македонците преку “одбрана” на моноетничката и конзервативна Академија?

Ако за момент на страна ги оставиме Албанците, врз кои инаку по правило се демонстрира флоскулата “во институциите ни требаат стручни и професионални кадри” (чиниш Македонците ги исполнуваат овие критериуми); дали Македонците се претставени во Академијата од најдобрите умови? Дали ова е “кремот” на нашата научна мисла? Дали ова е “мислата водилка”, прогресивна и широкограда, отворена и европска, која ја обмислува и креира иднината на државата? И дали таа е само дел од “елитата” што одредува кој Албанец има “дозвола” да биде академик (или било која друга институционална позиција), на потполно ист начин на кој одредува кој Македонец ја има “дозволата”?

И ако до крај етнички ја процесуираме приказната, таа ништо добро и позитивно нема да донесе за имиџот и перцепцијата за Македонците, кои уште еднаш, на овој начин и со овој последен “нарачан и спроведен” инжињеринг, не само што се пасивната страна, туку се и константно ксенофобичната страна. Па, ако сликата пошироко се погледне, постизборните месеци, како логично продолжение на предизборните години, соодносот е поразителен.

Албанците – партиски или интелектуално – се секогаш (про)активната страна која има стратегија, знаење и идеја (говори за европска интеграција, го анализира политичкиот систем, бара еднаквост, реагира на процесите); за разлика од Македонците кои не само што се пасивната и неинформирана страна на која и се наметнува улога на наводна жртва, туку се антагонизира кон сите (за Бугарија диктат, за Грција меѓународен суд, за Албанија пописот, за сите три директно мешање во внатрешните работи, за Косово молк, за Србија отворен коридор). Сите се виновни, или улогата која се наметнува на Македонците е “виновна”?

Па, во вакви “иредентички жртви” во кои сме претворени Македонците, задојувани со гнев и чемер, не гледаме дека “елитите од заробеното општество”, бранејќи го пристапот до институциите од Албанците, како господари на нашите животи, го бранат пристапот до институциите и од Македонците. За да може, Македонците да бидат само извршители на “нарачката” – дали за името, дали за пасошите, дали за пристрасноста, ама никогаш креатори.

Ама, забораваат дека “љубовта тешко се купува”, особено кога е произлезена од латентна понижување и очекувано потчинување. Или ако се “истренираа” Македонците кого се’ треба да мразат, дали по “автоматизам” се очекува кого треба да сакаат? Чуден тек завземаат старите митови и империјални идеи, во брзите и непредвидливи текови, за оние кои историјата не ја познаваат. Особено сопствената, која така “жестоко ја бранат”.

Па, некако тешко разликуваат кои се вистинските партнери и гаранти на европската иднина и опстанокот на функционалноста на државата. А, уште потешко може да ја одбранат улогата која ја наметнуваат на Македонците. “Македонци по нарачка и потреба”, па кому треба таква улога? На граѓаните сигурно не, на кои ЕУ им треба, повеќе отколку што било кога ќе бидат свесни. А, некои баш се трудат да ги држат несвесни. Знаењето е сила, знаењето е моќ. Знаењето е свест.

Од Фејзбук ѕидот на авторката

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.