Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелските копнени трупи влегоа во Либан по 18 години, воздушни удари врз Јемен и Сирија

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е прв пат регуларни израелски копнени трупи да влезат на либанска територија од 2006 година. Израел претходно започна операции со мали специјални сили во Јужен Либан пред потенцијална копнена офанзива, изјави израелски официјален претставник за NBC News.

Дејан Андоновиќ

Израелските воени сили ја преминаа границата во Јужен Либан за да извршат, како што вели Израел, „ограничени, локализирани и насочени напади“ против Хезболах.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека гаѓаат локации на Хезболах во пограничната област на Јужен Либан, кои „претставуваат непосредна закана за израелските заедници во Северен Израел“, вклучително и набавки и оружје.

Израел одби да каже колку длабоко ќе влезат неговите војници во Либан или колку долго се очекува да трае операцијата.

Она што е во моментов познато е дека офанзивата ќе биде ограничена по времетраење и опсег, дека ќе трае со денови, а не со недели.

Портпаролот на израелската армија изјави дека израелските сили биле „обучени и подготвени во последните месеци“ за копнената операција, која беше најавена и од утринава реализирана.

Ова е прв пат регуларни израелски копнени трупи да влезат на либанска територија од 2006 година. Израел претходно започна операции со мали специјални сили во Јужен Либан пред потенцијална копнена офанзива, изјави израелски официјален претставник за NBC News.

Како увертира во копнената операција, израелската артилерија започна серија гранатирања на пограничните градови низ Јужен Либан и испрати предупредување за евакуација до жителите кои живеат во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут, советувајќи ги цивилите кои живеат во одредени згради да го напуштат градот пред воздушните напади.

Израел исто така прогласи три мали гранични заедници за „затворени воени зони“, ограничувајќи го пристапот само на воениот персонал неколку часа пред нејзиниот упад во Либан. Гранатирањето во пограничните области значеше дека мировниците на ОН повеќе не можеа да вршат патроли „поради интензитетот на ракетите што се стрелаат кон и од Либан, се вели во соопштението.

Упадот во Јужен Либан го води 98-та дивизија, една од најдобрите единици на Израелската армија Таа се состои од падобранци и бригада командоси, Шајет 13 (13-та флота), елитна единица на израелската морнарица и 7-та оклопна бригада.

Таа дивизија, предводена од бригадниот генерал Гај Леви, успешно ги неутрализираше лидерите на Хамас и ослободи дел од заложниците во Газа помеѓу декември 2023 и март 2024 година, пишува Фигаро.

Портпаролот на израелската војска потенцираше дека дивизијата била обучена за операцијата во изминатите недели.

По неколкумесечни маневри во Појасот Газа, каде што борците на дивизијата стекнаа вештини и оперативно искуство, се упатија кон север и сега се на маневри во северниот сектор, откако ги направија потребните прилагодувања за борба во Либан, соопшти израелската војска.

Како резултат на упадот на Израел, либанската армија, која е одвоена од силите на Хезболах се повлече од границата, оставајќи им непречен копнен продор на Израелците.

Претходно, заменик-лидерот на Хезболах, Наим Касем, рече дека групата е подготвена за израелска копнена офанзива и дека битката „може да биде долга“.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени низ целата земја во изминатите две недели од израелските воздушни напади, додека до еден милион сега може да бидат раселени.

Израелската армија (ИДФ) започна ограничени копнени операции во Јужен Либан против милитантната група Хезболах и инфраструктурата лоцирана долж северната граница на Израел, а како што наведе, целта е инфраструктурата на Хезболах во голем број либански села долж границата кои претставуваат закана за израелските градови. На копнените трупи им помагале воздушни и артилериски сили, соопшти армијата, додавајќи дека операцијата се засновала на плановите изготвени од Генералштабот на ИД и Северната команда.

Паралелно Израел започна со напади и врз Хутите во Јемен и врз одредени проирански парамилитантни сили во Сирија. Во денешните напади врз сириската престолнина Дамаск, загинаа три лица.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.