Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на aгенција „Рејтинг“: За 52,5 отсто од граѓаните на Скопје состојбата во градот е подобрена во последните четири години

0
By Sashko on September 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на редовните истражувања за потребите на Град Скопје, Агенција „Рејтинг“ спроведе анекта за задоволството на граѓаните од работата на градската власт. Во рамки на истражувањето се мереше довербата на граѓаните во локалната власт на Град Скопје, клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, степенот на доверба во институцијата и градоначалникот, како и оценката за работата во поединечни области од ингеренција на градот.

Истражувањето е спроведено по пат на телефонско интервју на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници во периодот од 10 до
15 септември.

Првото прашање се однесува на степенот на задоволство на граѓаните од насоката во која се движат работите во Град Скопје. На прашањето „Дали работите во Град Скопје се движат во правилна или во погрешна насока?“ најголем процент од анкетираните односно 43,5 отсто од испитаниците рекле дека работите се движат во правилна насока, 38,2 отсто во погрешна, 13,5 отсто ниту во правилна ниту во погрешна насока, додека 4,8 отсто не дале одговор.

Во локалната власт на Град Скопје имаат доверба 45,7 отсто од анкетираните или речиси половината кои биле анектирани. На прашањето „Дали во локалната власт во Град Скопје имате доверба?, целосно или главно имаат доверба 45,7 отсто од анкетираните, ниту имаат ниту немаат доверба 17,2 отсто, а главно немаат или воопшто немаат доверба 33,2 отсто. Останатите 3,9 отсто не дале конкретен одговор или одбиле да одговорат.

Многу слични се резултатите и до задоволството од работењето на градоначалникот Петре Шилегов. Имено на прашањето „Колку сте задоволни од работата на градоначалникот Петре Шилегов?“, 46,3 отсто од анкетираните рекле дека се целосно или главно задоволни од неговата работа, 19,5 отсто рекле дека ниту се ниту не се задоволни, додека 29,7 отсто рекле дека се
главно или целосно незадоволни. Преостанатите 4,5 отсто не дале одговор на ова прашање.

Граѓаните на Скопје како најголем проблем го посочуваат урбанистичкото планирање и уредување на градот, односнона прашањето „Кој е најголем проблем со кој се соочува градот?“, 19,2 отсто го посочиле како прв проблем. Следи одржување на комуналната хигиена со 11,3 отсто, инфраструктурата со 11,5 отсто и проблемот со уличните кучиња кој како главен проблем го посочиле 8 отсто до анкетираните.

Како најголем успех, пак, на градот во изминатите четири години анкетираните го сметаат вложувањето во инфраструктурата, реконструкцијата на улиците и булеварите како и градбата на новите мостови. Високи 29,7 отсто од граѓаните ова го посочиле како најголем успех на Град Скопје, а следува подобрувањето на парковите и ново зеленило со 10,5 отсто, набавката на нови Еко автобуси за кое 9,3 отсто рекле дека е најуспешен проект на градот. Високо рангирани на листата се и изградбата на нови вело-патеки, уредувањето на кејот на Вардар, реконструкцијата на Универзална сала и вложувањата во Зоолошката градина и Дино паркот.

Со оглед на тоа дека завршуваат четири години од мандатот на актуелната локална власт во Град Скопје, се мереше и перцепцијата за тоа дали општата состојба во градот е подобрена во последните четири години. Па така, со ставот: „Состојбата во Град Скопје во последните четири години е подобрена“, целосно или главно се согласуваат 52,5 отсто од анкетираните, ниту се согласуваат ниту не се согласуваат 16,1 отсто, додека воопшто не се согласуваат или главно не се
согласуваат 27,4 отсто, останатите не дале одговор односно не можеле да оценат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.