Кандидатката на демократите Камала Харис води пред републиканецот Доналд Трамп со 45 отсто наспроти 41 отсто во анкетата на Ројтерс/Ипсос.
Предноста од четири процентни поени меѓу регистрираните гласачи е поголема од предноста од еден поен на Харис пред поранешниот претседател во анкетата на Ројтерс/Ипсос кон крајот на јули. Новата анкета покажа дека Харис добива поголема поддршка меѓу жените и хиспаноамериканците.
Харис води пред Трамп со 49 проценти наспроти 36 проценти, или 13 процентни поени, и кај жените и кај гласачите хиспаноамериканци. Во четири анкети на Ројтерс/Ипсос спроведени во јули, Харис имаше девет поени предност кај жените и шест поени предност кај хиспаноамериканците.
Трамп води меѓу белите гласачи и мажите, во двата случаи со слична предност како во јули, иако неговата предност меѓу гласачите без факултетска диплома се намали на седум поени во последното истражување, што е пад во однос на 14 поени во јули.