Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Археолошкиот локалитет „Стоби“ со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, е пример за видливи придобивки од евроинтеграциите

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посетија локалитет „Стоби“ (НУ за управување со Археолошкиот локалитет Стоби-Градско) каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

-Со поддршка на нашите европски пријатели и партнерите во овој проект, Стоби и околните инфраструктурни објекти, стануваат атрактивно место за туристичка посета, особено во делот на културниот туризам. Како значаен локалитет на историското и археолошкото наследство, на нашата земја и на Европа, во комбинација со природната средина, Стоби се стекнува со потенцијал за зајакнување на економскиот и културниот развој на целиот регион, истакнал вицепремиерот Маричиќ.

Тој потенцирал дека вредноста на локалитетот беше препознаена и од Соединетите Американски држави кои преку Амбасадорскиот фонд три пати обезбедија директна финансиска поддршка за: конзервација и реставрација на крстилницата во Стоби, конзервација и реставрација во епископската базилика и градба со арки – Римски Форум.

-Овој проект помеѓу партнерите од Грција и Република Северна Македонија само го потврдува значењето на еворинтеграцијата на нашата земја. Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство и трајните вредности на европската култура, нагласил Маричиќ.

Тој посочил дека како овој и многу слични проекти, се јасен показател дека ЕУ ја препознава автентичноста на македонската култура, посебност и идентитет, а нашето членство во ЕУ од кое нема да се откажеме, уште повеќе ќе го зајакне и промовира нашето богато културно-историско наследство.

Костадиновска-Стојчевска информирала дека Европската Унија вложи над 495 000 евра неповратни средства во проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“. Од нив, 186 000 евра доби „Стоби“ за адаптација на објектот во кој посетителите ќе имаат можност да го видат движниот културолошки слој на овој археолошки локалитет, со што „Стоби“ станува поатрактивен за туристите.

– Оваа иницијатива, која беше препознаена и од партнерите во Грција дека ЕУ-фондовите не само што побрзо нè движат на европскиот пат туку и придонесуваат во одржувањето добрососедски односи и за зајакнување на комуникацијата и довербата“, нагласила Костадиновска-Стојчевска.

Таа упатила честитки до директорот на НУ Археолошки локалитет „Стоби“, Спасе Перовски, и до сите вработени за посветениот ангажман во обезбедувањето на европските средства преку ИПА-прекугранична програма со Грција.

− „Стоби“ е атракција сам по себе, но содржините што ќе се нудат во Центарот ќе бидат додадена вредност за секој посетител што овде ќе има можност да доживее ново визуелно, образовно и интерактивно искуство,  истакнала Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека покрај древната историја на овој антички град, преку овој центар, на современ начин ќе се слуша гласот за историјата, културата и идентитетот на актуелната македонска култура.

Според неа, ваквите успешни имплементации на проекти од ИПА-програмата за прекугранична соработка го трасираат најефикасниот и единствен пат за остварување на нашата мисија, а тоа е трајна и одржлива заштита на македонското културно наследство во ЕУ.

Проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“ го реализира НУ Археолошки локалитет „Стоби“ со донација од Европската комисија преку телото за управување и развој на ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, Република Грција. Партнери во проектот се: „CISS Cooperazione, Regional Development Found of Central Macedonia – Region of Central Macedonia“ и „Ephorate of Antiqes of Kilkis“.

стоби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.