Author: Ана Василевска

Амбасадорот на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца изјави дека интеграцијата на Западен Балкан во Унијата ќе биде на врвот на политичката агенда, на самитот на Берлинскиот процес, што ќе се одржи на 16 октомври во Тирана. За време на конференцијата, во Тирана, во врска со улогата на парламентот на патот на интеграцијата, Сореца оцени  дека Берлинскиот процес игра многу важна улога за земјите од регионот. Според Сораца, целта е да се обединат земјите од Западен Балкан на заеднички пазар пред да влезат во ЕУ и земјите да имаат пријателски односи. Исто така, додал, дека е многу  важно министрите и…

Read More

Државната комисија за спречување на комисијата (ДКСК) на денешната седница по предметот оформен по сопствена иницијатива во однос на склучени договори за јавна набавка меѓу Општина Охрид и правни лица за уривање на бесправно изградено објекти на територијата на Охрид, констатира дека постои неусогласена законска регулатива, а надлежностите се префрлаат од централна на локална власт. -По спроведената постапка, констатирано е дека надлежностите само се префрлаат од централната на локалната власт, од еден орган на друг орган, а од инспекциските органи и Министерството за транспорт и врски исто така детектирани се состојби на слабости. Имаме неусогласена законска регулатива, поточно за Законот…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во придружба на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска престојува во Израел, со цел да изразат солидарност со земјата за жртвите на терористичките напади на Хамас, информира главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер. Тој додаде дека за време на престојот предвидено е Фон дер Лајен и Мецола да се сретнат со претставници на израелските власти, нагласувајќи дека ЕУ стои на располагање да одговори на потребите на Израел. – ЕУ го осуди терористичкиот напад на Хамас и изрази длабоко жалење за загубените живот. Исто така кажа дека Израел има право да се…

Read More

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира трет, од серијата панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“. Учесници на панелот се Габриела Кулебанова, претставник од бизнис секторот и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ. Разговорот го води Биљана Јордановска.  Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА По триумфалниот успех на филмот „Зад стоговите сено“, кој беше номиниран во 17 категории и освои десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, специјнала награда и „Фипресци“ на Солунскиот филмски фестивал, вечерва ќе ја има својата македонска фестивалска премиера на „Киненова“. Станува збор за дебитантско долгометражно остварување на грчката режисерка Асимина Проедроу, но тој е и деби во филмската соработка меѓу Грција и Северна Македонија и еден од првите културолошки придобивки по потпишувањето на преспанскиот договор. Учеството во филмот од наша страна го обезбеди продуцентската куќа „Сектор филм“, која има повеќе од дведецениско домашно и…

Read More

ДРАГАН МИШЕВ Доколку се обрне внимание на содржините кои дел од македонските медиуми ги објавуваат на своите канали за информирање, може да се добие впечаток  дека Северна Македонија, во најмала рака е членка на Руската федерација, а не на НАТО и претендент за идна членка на ЕУ. Секое појавување на Путин во јавноста, вклучително и неговите изјави, кои скоро секогаш се на штета на евроатлантските интеграции, се пренесува некритички, во дел од нив и со нескриено воодушевување, без да се изрази било каков сомнеж во нивната вистинитост, а за проверка и спротивставување на ставовите воопшто не доаѓа предвид. Ова секако…

Read More

Неколку часа пред Собранието да одржи специјална седница за Косово, постигнат е договор меѓу СП и ПД за заедничка нацрт-резолуција. Албанија ќе биде членка на Советот за човекови права за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2026 година. Косовскиот премиер Албин Курти рано во четвртокот изјави дека постои зголемен ризик од повторени насилни напади од „криминалните структури на Србија на Косово“, пишуваат албанските медиуми. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Еуроњуз Албанија: Собранието на Албанија со резолуција за Косово, се…

Read More

Специјалната известувачка на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе изјави дека значителен дел од населението на Газа е „збришан“ во екот на интензивните израелски воздушни и артилериски напади врз блокираниот палестински регион. „Тоа што се случува е дека значителен дел од палестинското население во Газа се брише. Ништо поинаку од тоа што се случуваше порано…, но овој пат со зголемена жестокост“, рече Албанезе. Коментирајќи ја одлуката на Израел да го прекине снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и други основни потреби за Газа, Албанезе рече дека изгладнувањето на опколеното население и ускратувањето на основните потреби претставува воено злосторство. „Ако…

Read More

Министерството за култура информира дека е почнат процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти, постапувајќи по Општиот колективен договор во јавниот сектор и по Заклучокот на Владата од 26 септември, со кој се задолжуваат државните органи да ја зголемат основната бруто-плата за 10 проценти. -Владата обезбеди Oпшт колективен договор со кој сите добиваат повисоки плати за 10 проценти, и праведно е и во ресорот култура вработените да ги добијат еднакво правата кои се овозможуваат со Општиот колективен договор, што Министерството за култура го спроведува, се вели во соопштението на Министерството. Оттаму посочуваат дека по преговорите…

Read More

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека лидерите на Европската унија многу јасно ја потврдиле перспективата за членство на Западен Балкан и повикаа на забрзување на процесот на проширување. Тој рече дека проширувањето на Европската унија повторно е на највисоката политичка агенда во Европа, што е многу важен сигнал дека наскоро и ќе дојде до проширување. „Бидејќи новата геополитичка ситуација му дава поттик на процесот на проширување воопшто, мислам дека сите можеме да се согласиме за тоа“, рече Вархеји во Брисел.

Read More

Низа пропусти кои се однесуваат на работењето на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, а кои директно влијаат на услугите на пациентите, се утврдени во извештаите на Државниот завод за ревизија за кои денеска расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комсијата се конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, здравствена институција за која Јавното обвинителство отвори предистражна постапка по наводите во јавноста за злоупотреби со терапиите за онколошки пациенти. Главниот државен ревизор Максим…

Read More

Владата на Република Северна Македонија остро ги демантира наводите дека на централниот настан организиран во Куманово по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, наместо државната химна е пуштена партиска химна, се наведува во денешната реакција од Владата. – Оваа манипулација на јавноста со невистини, е срамно однесување и сквернавење на државниот празник, и покажува основно непочитување на државата, институциите и државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ која и на таков голем ден за државата, наместо достоинствена почит кон празникот, одбира да шири невистини и…

Read More