Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
ТОНИ ПОПОВСКИ Се поставува прашањето, дали да губиме драгоцено време и пак да завршиме со широка влада неисчекорени кон ЕУ, или да ја формираме сега и да поминеме низ уставните измени, и отворање на поглавјето за владеење на правото. Да ја релаксираме политичката атмосфера во општеството и да влеземе во избори со натпревар на развојни програми вклучувајќи и програми како да се забрза нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Влеговме во есента со летни температури. Истовремено политичката температура најавува екстремно жешка политичка есен. Оваа анализа на влез во политичката есен поаѓа од наодите на неколку анкетни…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот настан #МКЕкономија меѓудругото се осврна и на соработката на Владата и стопанството преку инструментот за поврат на ДДВ, кој според него денес функционира непречено, без да зависи од нечија полиитчка волја. „Од јануари до септември, исплатени се 31 милијарда денари, или 510 милиони евра поврат на ДДВ и без при тоа никој да не се јави на премиерот, на вицепремиерот или пак на директорката на УЈП. Благодарам Сања“ порача Битиќи. Вицепремиерот потсети на минати времиња, кога исплатата на ДДВ за стопанството се одвивала бавно и со доцнења. „Се сеќавам пред неколку години,…
Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Приказот на бруталистичката архитектура наспроти длабоката шума е одлично контрасно филмско решение за спротиставените светови на безбедната природа и празниот заканувачки бездушен бетон. Во дебито „Џган“, режисерот Вардан Тозија подвлече црта на дотогашната домашна кинематографија со силната ангажирана приказна и естетика која одскокна од поставените рамки на нашиот филм. Вториот „М“ стигнува седум години подоцна, и овој пат прави тивка револуција во македонската продукција. И авторски, и жанровски. Авторски затоа што се произнесува тематски за актуелната застрашувачка закана од деморализираниот и оштетен свет а жанровски бидејќи си поигрува со драма, трилер и хорор елементи. Секако овој жанр…
Израелската војска соопшти дека повторно ја презела контролата врз сите заедници околу Газа, повеќе од 48 часа откако Хамас започна ненадејниот напад во кој беа убиени повеќе од 700 луѓе. Како што пренесува Си – Ен – Ен, повеќе не се водат борби меѓу војниците на израелските одбранбени сили и Хамас во Израел, а Израелската држава повторно ја презеде контролата врз сите заедници околу Појасот Газа, изјави за новинарите во понеделникот наутро портпаролот на ИД, контраадминистраторот Даниел Хагари. Соопштението доаѓа повеќе од 48 часа откако Хамас започна ненадеен напад со илјадници ракети и испрати борци преку границата во упад каков што…
Муницијата што ја користеле членовите на вооружената група за време на конфликтот во Бањска била произведена во српската фабрика Белом во 2022 година, а минофрлачките мини и зољите биле ремонтирани во државните заводи на Србија во 2018 и 2021 година, покажа истражувањето на БИРН. Српскиот претседател Александар Вучиќ и Владата на Србија негираа каква било поврзаност со групата предводена од Милан Радоичиќ, која уби косовски полицаец во раните утрински часови на 24 септември во Бањска, северно Косово, а потоа се забарикадираше во манастирот Бањска. Косовската влада тврди дека вмешаноста на Радоичиќ јасно покажува дека групата имала поддршка од Белград. Радоичиќ…
Македонската велосипедистка Дуња Иванова во категоријата МТБ маратон на Србија Епик Серии што за прв пат се одржа на Златибор, во конкуренција на 100 учесници беше првопласирана во женска конкуренција. Српскиот бренд за велосипедски натпревари Србија Епик Серии, за прв пат организираше маратон низ пределите во Златибор. И тоа во три натпреварувачки категории: планински велосипедизам, гравел и е- бајк. Имаше преку 100 учесници, мажи и жени. Во категоријата на МТБ маратонот со должина од 32 километри Иванова се пласира прва во женска конкуренција и 15та во вкупна (мажи и жени) од повеќе од педесетина возачи. Дуња Иванова е македонски државен првак во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изрази солидарност со Израел во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. – Разговарав со Нетанјаху за да ја потврдам солидарноста на Украина со Израел, кој страда од дрзок напад од големи размери, и да изразам сочувство за повеќекратните жртви, соопшти Зеленски на социјалните мрежи. Зеленски направи споредба меѓу Израел и војната во Украина, наведувајќи дека „правото на Израел на самоодбрана е несомнено“. Тој рече дека неговата влада формирала оперативен штаб за да им помогне на сите Украинци во Израел. Официјални лица проценуваат дека околу 15.000 украински бегалци избегале во Израел. Иако испрати тони хуманитарна…
Бројот на загинати во поројните поплави предизвикани од излевање на глечерното езеро на индиските Хималаи денеска се искачи на 74, а 101 лице се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Претходните денови во таа област во североисточна Индија врнеше силен дожд, што предизвика покачување на нивото на водата во глечерното езеро, поради што браната попушти, а водата од езерото се излеа низ тесна долина кон населени области, уништувајќи ги околните села и градот Рангпо, на околу 50 километри јужно од Гангток, главниот град на државата Сиким, објавија британските медиуми. Врховниот лидер во државата Сиким, Виџај Бушан Патак спасувачите пронашле 25…
Албанскиот премиер Еди Рама изрази солидарност со граѓаните на Израел кои минуваат тешки моменти како резултат на суровиот терористички напад на Хамас, јави АТА. Во знак на солидарност, Универзитетот во Тирана синоќа беше осветлен со боите на израелското знаме. Рама на социјалните мрежи објави слики од универзитетот и напиша „Албанија стои на страната на Израел”. „Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите од суровиот терористички напад и со невините луѓе земени како заложници од терористите“, се наведува во објавата на Рама. И градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, објави фотографии од зградата на универзитетот кој се наоѓа на плоштадот…
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар. – Денеска разговаравме за Берлинскиот процес, кој е добра и комплементарна платформа за агендата за проширување, како и дел од нашиот ангажман со Западен Балкан. Берлинскиот процес е најсигурната платформа преку која ја покажуваме нашата посветеност и ангажираност за регионот. За нас проширувањето на Западен Балкан е клучен приоритет, затоа…
Неколку месеци по напуштањето на Белата куќа, поранешниот претседател Доналд Трамп наводно разговарал за потенцијално чувствителни информации за американските нуклеарни подморници со член на неговиот клуб Мар-а-Лаго, австралиски милијардер кој потоа наводно ги споделил информациите со многу други, вклучително и повеќе од десетина странски функционери, неколку негови вработени и неколку новинари, според извори запознаени со случајот. Потенцијалното откривање беше пријавено до тимот на специјалниот советник Џек Смит додека го истражуваа наводното трупање доверливи документи од страна на Трамп во Мар-а-Лаго, изјавија изворите за ABC News. Информациите би можеле дополнително да фрлат светлина врз начинот на кој Трамп се справува со чувствителните…
Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, е тема на денешниот панел во организација на Зелен Цивил. За тоа колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, постои ли политички консензус околу зелените прашања, одговара Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на ДОМ. „Зелената агенда нема друга алтернатива и замена. Тоа е патот кон кој ние мора да се движиме, затоа што климатските промени, климатската криза која ја живееме, трендот во европската Унија поради тоа, тој пат е веќе трасиран,…