Author: Ана Василевска

Српската премиерка Ана Брнабиќ, смета дека за време на средбите во Гранада „претседателот Александар Вучиќ успеал да ја отстрани непосредната опасност од воведување санкции кон Србија“, но дека притисокот врз Белград „се уште е огромен“. „Мислам дека најважната порака е денес и навистина верувам дека Вучиќ вчера во Гранада успеа да се погрижи Србија да биде зачувана“, изјави Брнабиќ за белградски медиуми, но и дека не може да зборува за деталите. Таа додаде дека „притисоците се огромни“. „Огромни притисоци од регионот, огромна желба да се искористи ситуацијата за постепено воведување санкции кон Србија“, рече Брнабиќ и изјави дека Приштина „се…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска оствариле работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и новиот заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау. Во оваа прилика министерот Спасовски изразил благодарност до амбасадорот Гир за поддршката и одличната соработка на МВР и Делегацијата на Европската Унија во голем број заеднички проекти, како и за можноста на денешнава средба да поразговараат за повеќе прашања од заеднички интерес. На средбата меѓу другото стана збор и за коорганизацијата на МВР на Република Северна Македонија и МВР…

Read More

Апелацискиот суд во Ниш ја потврди првостепената одлука на Високиот суд, со кој се одбива екстрадиција на поранешниот украински разузнавач Андриј Наумов во Украина, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа одлука на правосудните органи на Србија да не го екстрадираат Наумов во Украина е правно обврзувачка, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Апелацискиот суд во Ниш. Украина испрати на Србија барање за негова екстрадиција во средината на октомври 2022 година. На 6 јули, Високиот суд во Ниш донесе одлука со која ја отфрли претставката на Украина, а Апелацискиот суд ја потврди таа одлука на 29 септември. Наумов се…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ  Пред два дена, во емисијата „360 степени“, госпоѓата Гордана Јанкулоска, бившата министерка за внатрешни работи и најблиската соработничка на оној што избега во Будимпешта (името познато на редакцијата), имаше свое интервју откако ѝ измина тригодишна затворска казна заради злоупотреба на својата јавна функција. Тоа е почетниот и начелен вовед во денешната колумна. За детаљите, во редовите кои следат. На самиот почеток, одиме со еден сатиричен вовед, барем за момент да не се убиеме од душевенот амок (читај, тешка анксиозност и прикриен бес) кој испираше на површина од интервјуто на госпоѓата Јанкулоска. Понекогаш, од моја перспектива, навистина сметам дека…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Ако Мицкоски отидеше во Гранада ќе му речеа да се врати и да им објасни на македонските граѓани дека второто надворешно ниво, каде ризикува да биде сместена Македонија заради неговиот и инаетот на ВМРО-ДПМНЕ, не вклучува каква било форма на интеграција со обврзувачките закони на ЕУ или специфичните барања за владеење на правото и нема да ѝ биде дозволен пристап до единствениот ЕУ пазар, ниту до големите фондови за постигнување европски стандарди. Во тој круг можете таму да си останете колку што сакате. Дали наместо Ковачевски во Гранада требаше да замине Мицкоски за да одговори на прашањето на лидерите на…

Read More

Претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безбедност во Европа, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија. Свесни сме, посочи Ковачевски, дека постојат предизвици, особено и внатре во организацијата, како и во врска со Русија и Белорусија и, нагласи дека, се во во постојана комуникација се со цел да ги придвижиме процесите кон мирна Европа. – Но, да имаме мирна Европа…

Read More

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, е висок 4.805,59 метри, или 2,22 метри помалку од претходното мерење во 2021 година. Оваа разлика може да се должи на варијации на летните врнежи и е веќе забележана во минатото, изјави денеска францускиот геодетски експерт Жан де Гар на прес-конференција во Шамони. Тој рече дека собираат податоци за идните генерации. „Не сме таму да ги толкуваме, тоа им го оставаме на научниците“, истакна Де Гар. Опремени со најсовремени алатки и за прв пат со дрон, тим од околу 20 луѓе кон средината на септември во осум насоки се искачи на врвот на…

Read More

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија. Ковачевски, посочи дека Северна Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со…

Read More

Норвешкиот писател Јон Фосе ја доби Нобеловата награда за литература за 2023 година. Шведската кралска академија во соопштението соопшти дека наградата му е доделена на норвешкиот автор за неговите иновативни драми и проза. Овогодишната сезона на доделување Нобелови награди почна во понеделникот со објавување на имињата на лауреатите за медицина. Според традицијата, во вторник беше соопштен добитникот на Нобеловата награда за физика, во среда за хемија, а утре ќе биде објавен и добитникот на престижната награда за мир. Следниот понеделник ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за економија.

Read More

Денеска започна процесот за пријавување за лотаријата за зелена карта за САД, што е пракса секоја година на оваа држава, да им додели трајно жителство на 50.000 граѓани од целиот свет. „Зелените карти“ се премногу малку во споредба со апликациите што секоја година се испраќаат а чиј број се движи помеѓу шест и осум милиони апликации. Од програмата за зелена карта порачуваат дека нема никакво правило за тоа кој ќе биде добитник, дека целиот процес е сведен на проста лотарија, но додаваат дека заради фер пристап и заради поголема разноликост, сепак има одредени квоти за континенти, но и држави. Колку…

Read More

Албанија е во последните подготовки за уште еден голем меѓународен настан, Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, кој за првпат ќе се одржи надвор од границите на ЕУ, во Тирана, објави албанскиот премиер Еди Рама привлекувајќи внимание на овој важен настан со учество на 6 премиери од регионот. Наведува дека учеството на самитот, што ќе се одржи на 16 овој месец, го потврдиле претседателот на Франција, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, како и голем број премиери на земјите членки на Европската унија. Во рамките на овој самит во…

Read More

Горди сме што сме домаќини на денешната средба, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез пред почетокот на средбата во шпанскиот град Гранада на шефовите на држави или влади од Европската политичка заедница. – Гранада денеска е главен град на Европа и на мирот. Овој град претставува почит меѓу различните култури и цивилизации. Ова е пораката што ја испраќаме до остатокот од светот – Европа и проект за мир, додаде тој. Санчез денеска, по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, изјави дека проширувањето на ЕУ на осум нови членки ќе доведе до многу предизвици во блокот, но нагласи дека…

Read More