Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Активистите во средата ја обвинија иранската полиција за морал дека нападнала тинејџерка затоа што не носела шамија во метро станица во Техеран, што довело до нејзина хоспитализација со сериозни повреди на главата. Но, иранските власти и родителите на тинејџерката рекоа дека таа била хоспитализирана поради низок крвен притисок. Група со седиште во Норвешка фокусирана на курдските права, Организацијата за човекови права Hengaw, обвини дека 16-годишната Армита Гераванд била „нападната“ од полицијата за морал и е во кома од неделата. Друга опозициска мрежа, IranWire, соопшти дека добила информации дека Гераванд била примена во болница со „траума на главата“. „Пред нејзиното пристигнување…
Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа. Номинираните пет филмови од 5 европски земји се избираат од селекциите од играни и документарни филмови за Европските филмски награди 2023. Останатите четири филма номинирани за наградата се францускиот „Анатомија на пад“ во режија на Џастин Триет, „Зелена Граница“ на режисерката Агнешка Холанд, британско-грчката…
Анкета на агенците Ројтерс и Ипсос укажува дека две третини од испитаниците сметаат дека политичарите во Вашингтон не можат престанат со политичките караници и да ги вршат своите работни задолженија. Анкетата е направена отакко федералната влада за малку не избегна блокада и водеачката партија во Претставничкиот дом за првпат во историјата на Конгресот го разреши својот спикер. Спред анкетата извршена вчера, 64 отсто од испитаниците, вклуувајќи 61 отсто од демократите и 66 осто од републиканците, не се согласуваат со тврдењето дека конгресените можат „да ги стават настрана партиските несогласици во благо на земјата“. Околу 27 отсто од испитаниците во онлајн…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е во Гранада, каде што учествува на самитот на кој учествуваат речиси 50 европски лидери и дека се надева на нови договори за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. „Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на воздушната одбрана и веќе имаме основа за нови договори со нашите партнери“, рече Зеленски на Телеграм. Тој додаде дека тие договори сега ќе треба да бидат потврдени и „да стапат во сила“. Во Гранада се одржува Самитот на европската политичка заедница на кој учествуваат претставници од 27 земји – членки на Европската унија и други…
Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика. – Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува…
Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи. – Не е мудро да се поставуваат фиксни или многу конкретни рокови. Процесот на проширување се заснова на сопствените заслуги на кандидатите и на проценката на нивниот капацитет и исполнувањето на критериумите од Копенхаген, рече Тијаго Антуњеш, државен секретар во Министерството за европски работи Антуњеш додаде дека проширувањето на ЕУ ќе биде…
Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина. – За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира ситуацијата меѓу Србија и Косово. Сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин. Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара денеска и утре кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модулараната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците – Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај немало обид за влијание и притисоци. Во одговорот на барањето за интерпелација, јавниот обвинител наведува дека за овој трагичен настан, за дејствијата што ги преземаше Јавното обвинителство, јавноста во континуитет била известувана без да…
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти беше отстранет од канцеларијата по историскиот предизвик на неговото раководство од својата партија. Републиканецот се соочи со предлог за разрешување, кој што беше поттикнат од страна на сојузникот на Доналд Трамп, Мет Гаец, во понеделникот, само неколку месеци откако ја обезбеди неговата позиција во 15 круга гласање. Ова е прв пат во историјата на Соединетите држави, конгресот да изгласа отстранување на претсетаделот на Претставничкиот дом. Како што пренесува Скај њуз, рано во вторникот зад затворените врати, Мекарти ги извести републиканците: “Ако изброев колку пати некој сакал да ме порази, ќе ме немаше уште…
Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за споделување на задачата за згрижување бегалци и мигранти во кризни ситуации. -Многу сум среќна што земјите-членки сега се договорија за регулирање на кризата, што е важен дел од сложувалката во пактот за миграција и азил, изјави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард, пренесоа британските медиуми. Таа посочи дека сега може да се продолжат преговорите меѓу Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент. -Важно е да се постигне договор за да се воведе ред во надворешните граници на ЕУ и да се намали протокот на мигранти, рече Малмер Стенергард. Претседателката на…
Претседателот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ денеска изјави дека смета оти Европската унија мора да го заживее процесот на проширување доколку сака да остане привлечна за новите членки и на тој начин да го спречи влијание на трети страни во регионот. Абазовиќ ова го изјави на Форумот за безбедност во Варшава, кој се одржува во главниот град на Полска, каде што на панелот говореше на тема „Глобални предизвици, глобални коалиции? Како може колективниот Запад да изгради партнерства во надворешната политика“. -Додека важните одлуки се одложуваат, трети страни бараат простор да отворат нови жаришта на Западен Балкан, рече…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Очигледно е дека ЕУ не губи време и започна да ги прави реформите за новото проширување и апсорпционата моќ на унијата. Алхамбра најверојатно „ќе падне“, но она што е поважно за нас е да падне отпорот на опозицијата и да запре блокирањето на процесот за нашето членство во ЕУ. Секоја друга постапка е спротивна на државните интереси и анти-европска. Тврдината Алхамбра во Гранада утре и во четврток ќе биде местото на кое се најавува нов историски настан со кој треба да се потврди новото проширување на Европската Унија во 30+ земји членки. Иако во Гранада ќе се разговара…