Author: Ана Василевска

Италијанецот Матео Салвини и Французинката Марин Ле Пен ја потврдија својата екстремно десничарска алијанса пред изборите за ЕУ ​​следната година и ја истакнаа својата антиимиграциска платформа пред поддржувачите. Говорејќи на митингот на Северната лига во Понтида во неделата, Матео Салвини и Марин Ле Пен поставија обединет фронт против „миграциското потопување“. Тие, исто така, се фокусираа на важноста на „народот“ и „идентитетот“ како дел од раниот почеток за собирање поддршка пред европските избори следната година. „Ние ги браниме нашите традиции, нашата гастрономија, нашите идентитети, нашите пејзажи, ги браниме нашите народи од поплавата од мигранти“, рече Марин Ле Пен, мислејќи на илјадниците…

Read More

Во рамки на учеството на Генералната дебата на високо ниво на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска со министерката за надворешни работи на ЈАР Греис Наледи Мандиса Пандор ќе го потпишат Комуникето за воспоставувањето дипломатски односи со Јужноафриканската Република. Со ова, како што се наведува во соопштението од МНР, ќе се отвораат можности за продлабочување на разни видови соработка меѓу двете земји. Воедно, во денешната агенда е предвидено Османи да учествува и на работна средба со земјите од Западен Балкан. Состанокот е организиран од страна на министерот за надворешни работи и заменик претседател…

Read More

„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да го одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот Парламент за локалната телевизија HirTV доцна синоќа, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот. Унгарскиот процес на ратификација е закочен во Парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократско назадување на Унгарија. Турција и Унгарија се уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. „Не ни треба сојузник кој така размислува за нас“, изјави Ласло Ковер. „Не е сигурно дека ќе гласаме за…

Read More

Со 45,47 отсто од гласовите, Стефанос Каселакис победи на вчерашните избори за лидер на СИРИЗА, но без да го достигне потребниот процент за избор во првиот круг, па така заедно со Ефи Ахциоглу, која доби  36,21 отсто, влегуваат во вториот круг што ќе се одржи следната недела, јави дописничката на МИА од Атина. На изборите за претседател на партијата имаше голем одѕив, па гласањето беше продолжено за еден час, а гласале 146.635 членови на СИРИЗА од кои дел се нови, кои се зачлениле вчера. Бизнисменот Стефанос Каселакис, кој живее и работи во САД, а речиси во последен момент ја достави…

Read More

Рацин.мк побара коментар на реакциите на граѓаните и на родителите со деца со Даунов синдром за наводното укинување на додатокот од 6000 денари за поддршка на овие деца. Од Министерството за труд и социјална политика потенцираа дека нема кратење или намалување на висината на правата кои се однесуваат на децата со попреченост. Во образложенито се истакнува дека родителите коишто се жалат дека немаат одобрено користење на посебниот додаток, односно за 8 од вкупно 113 со даунов синдром, биле известени да поднесат жалба на првите наоди, и во второстепена постапка повторно да се направи проценка на нивната попреченост и доколку постојат…

Read More

На денешен ден, пред 16 години светот започна да го одбележува Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. Овој ден се одбележува секоја година низ светот за да се зајакне демократијата и да се истакнат нејзините вредности и принципи. Темата на Меѓународниот ден на демократијата оваа година е „Зајакнување на следната генерација“. ОН се фокусира на суштинската улога на младите во унапредувањето на демократијата и обезбедувањето дека нивните гласови се вклучени во одлуките кои имаат големо влијание врз нивниот свет. Климатска правда и демократија се дел од таа тема. Ефектите од климатската криза врз животната средина денес е невозможно да се игнорираат,…

Read More

Велика Британија денеска официјално ја прогласи руската платеничка група Вагнер за терористичка организација. „Одлуката, што беше објавена минатата недела, стапува на сила веднаш“, соопшти британската влада. Тоа значи дека отсега секоја активна поддршка на Вагнер групата во Велика Британија ќе се смета за кривично дело казниво до 14 години затвор.

Read More

Никој не верува во имиџот на Украинците како „закоравени антисемити“ создаден од Русите. Пред сè, затоа што сите поплаки за украинскиот антисемитизам од страна на Кремљ изгледаат комично на позадината на рускиот шовинизам и ксенофобија, кои процветаа во модерна Русија. Навистина, додека Русите се обидуваат да се претстават како главни „денацификатори“, прашањето дали е време да се напушти земјата или да се страда, станува сè поактуелно за самата еврејска заедница на Руската Федерација, го пренесува Укринформ истражувањето на украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност. Да се каже вистината, Евреите беа повикани да ја напуштат Русија уште во декември 2022 година…

Read More

Забраната за користење на кинеската апликација за социјални медиуми TikTok на уредите на федералните министри и државните службеници ќе биде продолжена за шест месеци, соопшти белгискиот Национален совет за безбедност. Белгија ја забрани употребата на TikTok за државните службеници од нивните официјални уреди на различни политички нивоа. Причината е загриженоста за начинот на кој апликацијата се справува со податоците на корисниците. Федералната влада ја воведе привремената забрана во март, наведувајќи дека алгоритмите на апликацијата можат да манипулираат со протокот на информации и содржина. Според кинескиот закон, TikTok е обврзан да соработува со кинеските разузнавачки служби. Кога беше воведена забраната, беше…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Користејќи ги најделикатните, родителски емоции, го вртат вниманието, пардон, водата на своја воденца-револтот на родителите да биде искористен за придобивање на симпатизери на „конзервативната“  десница и левица која ќе не спаси од „содома и гомора“. Синоќешната паника и хистерија која се активираше на социјалните мрежи, предизвикана од споделувањето на извесни наставни ливчиња од прирачник кој е наменет за прифаќање на различна сексуална ориентација, спласна по деталниот новинарски текст на колешката Мери Јордановска. Текстот кој јасно ја демантираше паранојата на родителите дека децата ќе им бидат наведени како што потенцираа „да се срамат од хетеросексуaлноста“, па отидоа до…

Read More

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, присуствува на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, на која вчера беше соопштена Одлуката на Комитетот дека Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на листата на светско наследство. Во македонската делегација во Ријад се и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов. Костадиновска-Стојчевска, вчера во своето обраќање за време на сесијата на Комитетот, искажа благодарност што Комитетот ги уважи…

Read More

На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, в среда ќе се сретнат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што ќе биде втора нивна средба во период од два месеци, јави дописничката на МИА од Атина. Следните чекори во грчко- турските односи по средбата на Мицотакис и Ердоган на НАТО Самитот во Вилнус во јули, ги договорија шефовите на двете дипломатии за време на разговорите минатата седмица. Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан по нивната средба во Анкара, изразија волја за дијалог, комуникација, за конструктивно решавање на проблемите и за понатамошна соработка и соопштија дека Мицотакис и…

Read More