Author: Ана Василевска

Многумина се запрашаа што бара Кју Анон во Скопје и во Македонија кога на првиот поголем протест за случајот „Онкологија“ меѓу тие што протестираа се појави девојка со маска и со парола соодветна на идеологијата на оваа секта. Многу бргу стана јасно откако беше препознаено дека протестот го киднапираше и злоупотреби партијата „Левица“ чијашто анти-нато и анти-еу политика и пропаганда е идентична со онаа на Кју Анон. Оваа анализа ги демистифицира дезинформациите кои имаат намера да создадат поинаква слика. Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ,…

Read More

Трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехрамбени производи од денеска имаат забрана да нудат акциска продажба и промотивна продажба при нивно ставање во промет, со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Како што информираат од Влада, целта е заштита на граѓаните од манипулации со цените. -Владата на Република Северна Македонија, на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да (акција) и (промоција), со исклучок на Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од…

Read More

Што поскоро усвојување на уставните измени, како единствена можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, а регионот на Западен Балкан што поскоро да биде дел од ЕУ семејството, порачал шефот на чешката дипломатија Јан Липавски на средбата во Прага со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, на средбата било изразено заемно задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји изминатите три децении, со акцент на недвосмислената и гласна чешка поддршка за пристапниот процес на нашата држава во Европската Унија. -Го поздравуваме повикот од Чешка до институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за…

Read More

Европскиот парламент денеска со 234 гласа „за“, 175 „против“ и 122 „воздржани“ усвои Извештај со кој се бара преземање мерки од страна на ЕУ за справување со последиците од проституцијата, со кои меѓу другото се предлага и кривично гонење на корисниците на сексуални услуги. Во Извештајот се посочува дека проституцијата има влијание врз родовата еднаквост и правата на жените, како и дека асиметријата помеѓу националните правила за проституција во ЕУ води до зголемен број на жртви на трговија со луѓе за сексуална експлоатација и создава плодна почва за организиран криминал. – Земјите членки треба да го преоценат постојното законодавство за…

Read More

Надежите кои ги полагаат членките на БРИКС алијансата за  нова светска валута со која ќе ја прекинат доминација на американскиот долар на глобалните пазари, во моментов реферира со познатата синтагма на пасионираните обложувачи: „Не се клади на мртов коњ“. Новата светска валута и трговската алијанса на БРИКС може да биде мртва уште пред да започне поради несогласувањето, додека американскиот долар се уште се користи во 90% од целата трговија. Како што пренесува Јаху фајнанс, смелиот повик од бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва до државите од БРИКС да воспостават заедничка валута беше дочекан со скептицизам. Обраќајќи се пред преполната публика за…

Read More

Група пратеници од Алтернатива, Движење БЕСА и Демократско движење доставија интерпелација за работата на јавниот обвинител Љубомир Јовески поради судскиот предмет за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица. Тие бараат јавниот обвинител да се појави во Собрание и пред народот и да ја објасни својата улога во овој случај, имајќи ги предвид сите обвинувања наведени во врска со неговата работа. – Иако Љубомир Јовески заслужува повеќе интерпелации и отповикување на одговорност, бидејќи не е никаква вест да се каже дека Јавното обвинителство стана едно од министерствата на оваа Влада, сепак, основната причина за оваа интерпелација…

Read More

До овој момент од Клиниката за радиотерапија и онкологија е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија на Основното јавно обвинителство Скопје за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија, информираат од ЈО. – Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето. Основното јавно обвинителство Скопје формираше тим…

Read More

Кинеското Министерство за трговија денеска протестираше против одлуката на Европската унија да го испита извозот на кинески електрични возила, велејќи дека тоа е протекционистички чин чија цел е да се наруши синџирот на снабдување. Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг изјави во Пекинг дека Европската унија одлучила да ја спроведе мерката „за да ја заштити сопствената индустрија“. – Тоа е бесрамно протекционистичко однесување кое сериозно ќе ја наруши глобалната автомобилска индустрија и синџирот на снабдување, вклучително и Европската унија, и ќе има негативно влијание врз економските и трговските односи Кина-ЕУ, рече тој. Кинеското Министерство за трговија ја повика…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Со години го слушам кај што беседи дека е – жртва; со години го слушам кај што изигрува – отпадник; денес, гледаме, сака да биде победник и конечно седне на премиерското столче (ајде, море, седни веќе еднаш!). Само една работа не разбирам: како тоа, оние кои ја движат земјата кон Европа, за таквите се вели дека ја бранат власта, а оние другите, нели, кои ја рибичат власта велат дека не се власт (а локалната власт чија власт е, о, море, ѓутуруми?), односно велат за себе дека биле „морални“ и „етични“ опозиционери!? Мицкоски е единствениот македонски Бог, или барем…

Read More

Министерството за надворешни работи на Турција го отфрли извештајот на Европскиот парламент за земјата за 2022 година, јави агенцијата Анадолија. Осудата на официјална Анкара следуваше по усвојувањето на извештајот на вчерашната пленарна седница на Европскиот парламент. – Овој извештај, кој содржи нефер обвинувања и предрасуди врз основа на дезинформации од антитурски кругови, е одраз на вообичаениот плиток и невизионерски пристап на Европскиот парламент, како во односите со нашата земја, така и во прашањето за иднината на Европската Унија, се вели во соопштението на турското МНР. – За жал, овој извештај покажува и колку членовите на ЕП се жртви на дневната…

Read More

Секој закон во Собранието може да претрпи модификации, да се отвори дебата… Јас сметам дека тоа треба да се направи, бидејќи се работи за Закон којшто ги подобрува процедурите, ги забрзува процедурите. Не дава никаква амнестија на некој којшто направил тешко дело, точно наведени во самиот Закон. Затоа мислам дека не треба на блок да се отфрла, туку треба да се отвори парламентарна дебата, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите при посетата на градежните активности на изградба на автопатот на Коридор 10-д, делницата Прилеп-Битола. Тој во одговор на новинарско прашање рече дека Владата ќе го разгледа законот на…

Read More

На аеромитингот ќе биде изложен и единствениот Македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот – „Илинденка“, кој претставува „светиот грал“ на македонското воздухопловство Со голем Аеромитинг во сабота, 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, ќе биде одбележан јубилејот – 100 години Македонска авијација, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година. За настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на…

Read More