Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Белата куќа соопшти дека затворањето на граничните премини кон Газа е „неприфатливо“, откако Израел испрати тенкови во јужниот град Рафа и ја презеде контролата врз преминот со Египет. „Премините што се затворени треба повторно да се отворат, неприфатливо е тие да бидат затворени“, нагласи портпаролката Карин Жан-Пјер на брифинг. Таа додаде дека уште еден премин, кај Керем Шалом, се очекува повторно да биде отворен в среда.
Египетски државни медиуми вечерва јавија дека посредници од Катар, САД и Египет имаат средба во Каиро со делегација на Хамас во најнови напори за примирје во Газа. „Катарската и американската делегација ги продолжуваат разговорите со египетската делегација и со онаа на Хамас“, јави Ал Кахера њуз, сајт поврзан со египетските разузнавачки служби, цитирајќи „висок функционер“. Во извештајот не се споменува учество на Израел во разговорите, пренесоа француските медиуми.
Албанскиот премиер Еди Рама ја оцени како историски момент, кој, според него, внесува нов импулс во процесот на проширување, одлуката на Европскиот совет со која е одобрен планот за Западен Балкан, со кој се достапни шест милијарди евра за поддршка на реформите и економскиот раст. Во објава на Платформата „Х“, Рама наведува дека неговата земја е подготвена да има корист од Планот за раст за Западен Балкан што е „нов инструмент за поддршка на реформите поврзани со ЕУ и економскиот раст во регионот“. -Ова е историски момент и важна пресвртница, која му претходи на почетокот на неговата имплементација, за што…
Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби главната награда за најдобар долгометражен игран филм на 13 издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF), кој се одржа од 24 до 28 април во Дубјук во Ајова. На фестивалот беа прикажани над 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов. -Она што го издвојува JDIFF од другите фестивали е неговиот силен фокус на заедницата. Филмаџиите се поканети да останат во домовите на локалните жители кои ги отвораат…
Пропалестински протести денеска се проширија на три универзитети низ Швајцарија, инспирирани од слични студентски демонстрации што започнаа во САД, јавија локалните медиуми. Со недели, студенти ширум светот бараат нивните универзитети да ги прекинат врските со израелските институции поради војната во Газа. Студентите на Универзитетот во Лозана (УНИЛ) беа првите кои се мобилизираа во Швајцарија, при што неколку стотици заземаа сала во четвртокот вечерта за да побараат прекин на партнерствата со израелските универзитети. УНИЛ одговори во соопштението дека „смета дека нема причина да ги прекине тие односи“. -Демонстрантите и ректорот ќе се сретнат денеска, јавија швајцарските медиуми. Движењето денеска се прошири…
Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска во Владата се сретна со делегацијата на Европскиот парламент за набљудување на изборите. Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на средбата биле потенцирани сеопфатните чекори кои беа преземени за изборниот процес да се одржи на демократски, фер и транспарентен начин. Џафери истакнал дека првиот круг од претседателските избори, поминал во мирна и демократска атмосфера, и дека за вториот круг на претседателските и изборите за пратеници во Собранието, се преземени сите мерки за тие да поминат во иста таква атмосфера. Техничкиот премиер Џафери, ги запознал присутните членови на Делегацијата на ЕП дека остварил…
Оваа сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот “Second hand е подобро од ново” започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Во големите градови постои тренд на култура на рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата – толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е “second hand” модата. Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот. – Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ. ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик. Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа…
Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ ја палеше Преговарачката рамка во Собрание, за сега да каже дека им е прифатлива
„СДСМ постојано има отворен и искрен став, а тоа е дека сме за Македонија во ЕУ до 2030 година и сакаме конкретно да ги завршиме преговорите во наредните четири години. На прашањето кога во ЕУ, нашиот одговор е што побрзо“ рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“. Тој додаде дека доколку се прашаат ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска-Давкова кога во ЕУ, нивниот одговор е по можност никогаш или што подалеку со одложено дејство. „Мило ми е што се менуваат тсавовите во ВМРО-ДПМНЕ. Јас присуствував во собраниската сала кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја…
Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика. -Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како на пример бришење на починатите членови и членовите кои доброволно истапиле од друштвото. Покрај тоа, во тек е и иницијативата членовите да го потврдат своето активно членство со подмирување на заостанати членарини помеѓу две изборни Собранија (за 2023 и за 2024 г.), со краен рок…
Една од првите средби на Ванхауте беше со Арбен Таравари кој порача дека „ европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце“
Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА Изминативе денови се изнаслушавме како Гордана Силјановска Давкова и ВМРО ги повикуваат граѓаните со нивниот глас да ја направеле Македонија „повторно горда,“ но никогаш не објаснија – горда како кога? Македонија повторно горда како во времето кога се потрошија над 120 милиони евра народни пари за Скопје 2014, најскапиот чин на историски ревизионизам реализиран преку поставување скапи статуи на неименувани антички ликови, бугарски вмровци-негатори на Македонците и атентатори и крвници на македонскиот народ, понатаму милионски огради на мостови, квази-барокни фасади од евтин стиропор и лажен мермер, палми со тушови, грди галии и трите најскапи жални врби на свет…