Author: Ана Василевска

Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него. „Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи, рече шефот на државата“, одговарајќи на новинарско прашање во врска со првиот состанок на работната…

Read More

Земјите од Европската Унија ја намалија потрошувачката на гас оваа зима за 18 отсто, со што ги надминаа планираните заштеди од 15 отсто во најстудените месеци. Вкупната потрошувачка на гас во 27-те земји на ЕУ е намалена за 17,7 отсто од август до март, во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците објавени од канцеларијата за статистика на ЕУ, Евростат. Минатата година земјите од ЕУ поставија цел да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто од август до март. Целта беше една од бројните итни мерки на ЕУ донесени по прекинот на испораките на руски гас по…

Read More

Четири неверојатно талентирани млади актерки ќе се појават повторно на сцената во четврток на 27. април, за да изведат микс од добро познати диско музички хитови, преплетени со стенд ап настапи, кои подеднакво ќе го расположат и женскиот и машкиот дел од публиката. Актерките кои ги краси исклучителен вокален и актерски талент, тоа веќе го докажаа во претходните изданија на  „Girls Night”, а дел од нив и на минатонеделното издание на „Глумците пеат”. Овој тим од четири неуморни актерки на сцена ја пренесуваат исконската музика со најголемите диско и клупски хитови почнувајќи уште од 80-тите, предизвикувајќи ги присутните да пеат…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа го прекина телевизиското интервју во живо откако за време на разговорот му се слошило. Ердоган потоа се врати и се извини, објаснувајќи дека почуствувал куса болка во стомакот. Турскиот лидер (69) само вчера одржа три предизборни говори во екот на кампањата за парламентарните и претседателските избори на 14 мај. Синоќа тој требаше да го заврши предизборниот ден со интервју во живо за „Улке ТВ“ и „Канал 7“. Но, неговото појавување на телевизија доцнеше повеќе од 90 минути, а потоа беа скратени десет минути од емисијата. Камерата се затресе, а новинарот кој го поставуваше прашањето…

Read More

Декларираните заложби за заштита на Охридското Езеро повторно на тест. На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата. Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и овојпат укажа на недозволени градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. „Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот регион, дека уништувањето продолжува со несмалено темпо, и од другата страна на границата. Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел“, потенцираат од „Охрид SOS“. Истовремено, во…

Read More

Малку нешта ги прогонуваат нашите модерни кошмари толку застрашувачки како нуклеарните катастрофи – и иако започна пред цели 37 години на денешен ден, катастрофата во Чернобил сè уште фрла долга сенка врз дебатата за тоа дали нуклеарната енергија некогаш може да биде безбедна. Заканата од нова нуклеарна несреќа во Европа се врати дома минатата година кога руските војници ја окупираа „зоната на исклучување“ околу централата во Чернобил повеќе од пет недели, веројатно страдајќи од труење со радијација. А светот, исто така, нервозно ја набљудува украинската нуклеарна централа Запорожје, која само за влакно го избегна тешкото бомбардирање на руските сили. Настрана…

Read More

Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на земјава на покана на шефот на државата Стево Пендаровски. Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји. По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. За време на официјалната посета, Османи-Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на…

Read More

Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционе. -Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, кој претходно служеше како правен аташе на агенцијата во Украина. „Собирање на податоците и нивната анализа, односно работата со овие податоци е нешто во што има искуство ФБИ“, рече Кобзанец на конференцијата за кибер безбедност во Сан Франциско. Работата вклучува испитување на податоците од мобилните…

Read More

Седмото издание на големиот целодневен џез хепенинг под наслов Today It’s All About Jazz, во организација на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје ќе се одржи на 30 април (недела) во 13 часот во паркот „Ибни Пајко“. Хепенингот е во чест на Меѓународниот ден на џезот прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“. Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од…

Read More

Најавата доаѓа на четиригодишнината од кога Бајден ја објави својата кандидатура за Белата куќа во 2019 година, ветувајќи дека ќе ја излечи „душата на нацијата“ среде турбулентното претседателствување на Доналд Трамп, цел што остана неостварлива. Американскиот претседател Џо Бајден официјално ги објави своите планови да се кандидира за реизбор во 2024 година, велејќи во видо порака: „Ова е нашиот момент… Ајде да ја завршиме оваа работа, знам дека можеме“. Бајден се надева дека гласачите ќе ја остават настрана својата загриженост за продолжување на мандатот на најстариот американски претседател за уште четири години. Бајден, кој би имал 86 години на крајот…

Read More

Шведска протера петмина руски дипломати поради активности што се неспоиви со нивниот дипломатски статус. „Шведска го повика рускиот амбасадор и го информираше дека пет лица кои работат во амбасадата се замолени да ја напуштат земјата како резултат на активности кои се некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи“, соопшти шведското Министерство за надворешни работи. Шведска протера тројца руски дипломати во април минатата година по руската инвазија на Украина. Претходно овој месец, соседна Норвешка објави дека протерува 15 функционери од руската амбасада за кои рече дека се „разузнавачи кои работат под закрила на дипломатски места“.

Read More

Европската комисија денеска почнува со регистрација на потребите за гас како подготовка за заеднички набавки на гас на ниво на ЕУ, пренесе Бета. Во тој процес, европските компании ќе можат да ги регистрираат своите потреби за набавка на гас преку механизмот AgeregateEU​, а целта е да се подготви ЕУ за следната зима со навремено полнење на складиштата за гас. Тоа е отворено за компаниите кои трошат гас и оние кои тргуваат со овој извор на енергија од членки на ЕУ и земји од Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Украина,…

Read More