Author: Ана Василевска

Европол соопшти дека во заедничка акција со белгиската и шпанската полиција откриен е сложен и професионален систем за перење пари преку поморските и воздушните пристаништа во ЕУ. Преку „подземната“ банка  криминалците успеале да исперат  180 милиони евра добиени  од  илегална трговија со кокаин. Криминалната група ја сочинувале марокански, шпански и белгиски државјани, а биле активни во Белгија, Холандија, Шпанија, Јужна Америка и Дубаи. Во акцијата спроведена во  март уапсени се пет лица  во Белгија, еден во Шпанија, запленети се 1,2 милиони евра во криптовалути, одземени се три недвиќни имоти, како и 50.000 евра во кеш, еден луксузен автомобил, 23 мобилни телефони и накит. Истрагата почнала во…

Read More

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, во интервју за Топ чанел,  како историски го оцени  постигнатиот договор во Охрид,  меѓу  Белград и Приштина. „Што се однесува на прашањето Косово-Србија тоа што го имаме во овој договор за нормализација е еден историски договор за пријателски, конструктивни односи меѓу двете страни кои немаа голема меѓусебна доверба“, вели тој. Додава дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД,  „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Северна Македонија тој не би се постигнал.…

Read More

Политичката партија Левица и нивниот лидер Димитар Апасиев со посетата на гробот на албанскиот диктатор Енвер Хоџа ги откриваат своите идеали и иднината во која сакаат да ја носат земјата. Со нивното славење и величање на диктатори како Хоа, кој забранувал религии, патување во странство и буквално ја држеше целата Албанија во заложништво цели 40 години, јасно ставаат на знаење како сакаат да владеат. Оттука се поочигледно е зошто Левица се противи на придржувањето на Северна Македонија во НАТО сојузот и во Европската Унија, заедници каде што се вреднуваат демократските вредности и слободата на индивидуата. Левица во нивниот пост во…

Read More

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик кој денес во Белград имаше средба со претседателот Александар Вучиќ, на која се разговараше за сите важни прашања на односите меѓу Србија и РС, изјави дека го почитува интегритетот на БиХ, но сериозно размислува за отцепување, ако не се почитуваат нивните права, јави дописникот на МИА од Белград. Како што рече на прес конференцијата со Вучиќ, Додик го запознал со неговиот поглед на ситуацијата и односите како во Босна и Херцеговина, така и во однос на Република Српска и борбата и обидите на Република Српска да ги зачува своите права и обврски од Дејтонскиот договор и да тој ентитет „сериозно“…

Read More

Има струја и има парно. На 15 април завршува грејната сезона, а цената на електричната енергија за домаќинствата не се зголеми, поточно стана поскапа само за оние кои трошат многу. Цената на електричната енергија за малите потрошувачи, за 72.000 компании кои вработуваат 98 отсто од работниците во државата се намали за 20 проценти спротивно на сите прогнози кои доаѓаа од целиот свет. Во земјава за црното сценарио најмногу навиваше опозицијата. Рестрикции и прогнози дека цената на струјата драстично ќе се зголеми, помеѓу 30 до 40 проценти, за среќа на сите не се случи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како поранешен директор на…

Read More

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на кралството Шпанија Хосе Мануел Албарез Буено, кој е во посета на Тирана, истакна дека за време на шпанското претседателство со ЕУ ќе го поддржат напредокот на Албанија во процесот за членство. На заедничката прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, Буено ја потенцираше зголемената на соработката меѓу двете земји, што беше финализирано денеска со потпишување на меморандум за соработка. „Пристигнав во Албанија како дел од турнејата низ западните земји и поддршката за Албанија во ЕУ ќе биде многу активна во текот на шесте месеци кога Шпанија ќе претседава со Европската унија. Односот…

Read More

Црногорскиот технички премиер Дритан Абазовиќ денеска изјави дека Подгорица и Приштина имаат одлични односи и дека изборите во Црна Гора нема да ги нарушат односите со Косово. Тој на заедничката конференција со косовскиот премиер Албин Курти посочи дека Црна Гора и Косово се пример како треба да функционираат две соседни земји. „На добар пат сме да направиме некои проекти, кои би ги нарекол историски. Нашата идеја е да создадеме полесен пристап за двата народа на нашите земји. Доаѓаме со мирна, пријателска порака и во иднина ќе имаме атмосфера, која ќе биде за пример. Во Црна Гора се случија неколку политички процеси, но…

Read More

Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 отсто и претставува една од највисоките во Европа. Дополнително, стапката на малолетнички породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија. Најголем број меѓу малолетните мајки се Ромки, а сепак пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје им е ограничен. Ова се дел од информациите што беа споделени на дебатата „Колку се младите мајки, а особено Ромките, препознаени и услужени од системот на здравствена и социјална заштита“, во организација на ХЕРА – Асоцијација за…

Read More

На граничните премини Богородица и Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до православните верници по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, посакувајќи им здравје, спокој и мир. Во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил, Ковачевски посочува дека Велигден е време на обнова и надежи и нови почетоци кои носат прогрес и развој.Велигден е време на обнова и надеж. Време на промени и нови почетоци кои носат прогрес и развој. Време кога заедништво и грижата еден за друг ни дава сила да се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас и да работиме заедно за да изградиме посветла и подобра иднина за сите. Во…

Read More

„Ви благодарам многу. Ме чека ќерка ми, кусо им одговори на новинарите“, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, која денеска од белгискиот затвор беше пренесена во домашен притвор со електронска нараквица, јави дописничката на МИА од Атина. По поминати четири месеци во затвор поради вмешаноста во скандалот „Катар гејт“, Каили денеска беше пренесена во нејзиниот дом во Брисел, каде што ја чекаа голем број новинари. Белгискиот суд на 12 април  одлучи поранешната потпретседателка на ЕП да биде пренесена во домашен притвор со електронска нараквица. Каили воедно беше последната осомничена во скандалот „Катаргејт“, која сѐ уште беше во затвор, со оглед на…

Read More

„Денеска зборуваме за припадници на Армијата на кои државата им возврати со зголемени примања, со решено станбено прашање, со постојан дијалог за унапредување на правата  и со неверојатни можности за напредок во кариерата“. Разговараше: Зоран Бојаровски 1. Од перспектива на трите години од членството во НАТО и во светлина на најголемата безбедносна криза во Европа после Втората светска војна дали е оправдана одлуката да бидеме членка на Северно-атлантскиот сојуз? Дали ќе беше подобро ако бевме неутрална земја? – Членството во НАТО е историски успех за Република Северна Македонија, реализација на една од двете клучни стратешки цели околу кои 3 децении постои…

Read More