Author: Ана Василевска

АНА ВАСИЛЕВСКА Одлуката за формирање на НУ Оркестар на џез музика на РСМ е можеби најдобриот потег направен во менаџирање на културата во времето на овој владин состав. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе биде запаметена како челник на овој ресор што донел прогресивно решение, разумна новина, радост за културната мапа на државата. Но, секогаш кај нас мора да постои едно „но“?! Нејзините очекувања дека оваа новоформирана институција ќе биде сместена во објектот на Филхармонија како најсродна на дејноста, беше дочекана како во скечот на Монти Пајтон : Тигар во Африка? Идејата наиде на отпор кај колегите на џезерите, истите…

Read More

Протекувањето на високо доверливи американски документи е „многу сериозен“ безбедносен ризик, изјави во синоќа највисокиот портпарол на Пентагон. Вашингтон презема чекори за да ја ублажи штетата од обелоденувањето, кое откри чувствителни информации за конфликтот во Украина, како што е ситуацијата на фронтот и клучните противвоздушни одбрани на Киев. „Не знаеме кој е одговорен“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. „Не знаеме дали имаат повеќе документи за објавување. Дали е ова за нас? Апсолутно. Штетното истекување на документите ги подигна веѓите меѓу сојузниците на САД. Беше откриено разузнавање во кое се вклучени други нации, при што некои документи…

Read More

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош, односно вкупно 356 во 2022 година, според партнерот на Еуроактив Бугарија – Segabg.com, кој се повикува на податоци од кабинетот на претседателот на државата. Во 2022 година вкупно 7.410 лица стекнале државјанство врз основа на бугарско потекло, родител – бугарски државјанин  или општа натурализација. Бугарско државјанство им било вратено на 2.660 лица. Натурализацијата им била откажана на 13 лица поради разни прекршувања. Бугарското државјанство на 247 лица им е одземено со декрет. Оваа категорија ги вклучува Бугарите кои трајно се населиле во друга земја и побарале да добијат државјанство, бидејќи Софија не…

Read More

Не треба сите нешта да се прогласат за погрешни и нешто што треба да се надмине – некои концепти, политики, и модели на уредување може да се рециклираат и пресоздадат за новата ера, а еден од тие е токму југословенскиот модел на „братство и единство“. Катерина КОЛОЗОВА Се збра сѐ живо, и православно и муслиманско во земјава, сѐ живо што се смета себеси за верник, вознемирени и усојузени, против безбожниците кои застанаа зад еден бенигнен повик двете најголеми религии во земјава да не се провоцираат взаемно со наметливо звучно засилување на своите пеења, молитви и повици. Се чини дека едно…

Read More

Претседателката на Молдавија, Маја Санду ги повика граѓаните идниот месец да се соберат на масовен собир на отворено за да го поддржат нејзиното тежнеење кон европските интеграции. Молдавија, една од најсиромашните европски земји лоцирана меѓу Украина и Романија, е погодена од руската војна во Украина, која Санду повеќе пати ја осуди. Оваа земја прими средства од Западот откако Санду ја презеде функцијата во 2020 година со мандат да се бори за соработка и зближување со Европа. „Да му покажеме на светот дека граѓаните на Молдавија сакаат мир и демократија во својата земја и земјата да стане дел од Европската унија“,…

Read More

„Значаен дел“ од доверливите документи на американското разузнавање за Јужна Кореја, кои протекоа последните недели, се „фалсификувани“, соопшти денеска канцеларијата на јужнокорејскиот претседател. Пентагон за протекувањето нагласи дека претставува „многу сериозен“ ризик за националната безбедност на САД. Некои од објавените документи се чини дека укажуваат на тоа дека Вашингтон собира разузнавачки информации за своите сојузници, како што се Израел и Јужна Кореја. Според извештаите на медиумите, неколку од документите откриваат загриженост кај високи јужнокорејски функционери за национална безбедност дека оружјето и муницијата произведени во нивната земја на крајот ќе се користат во Украина. Таквата можност би била прекршување на политиката на Сеул да не продава никакво оружје на земји во…

Read More

Германски пратеник ги критикуваше изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека Европа не треба да се меша во конфликтот на Кина со Тајван. Норберт Ротген, експерт за надворешни работи во германската опозициска Христијанско-демократска партија (ЦДУ), рече дека Макрон се изолира себеси. „Макрон се изолира во Европа, ја ослабува Европската унија и всушност се спротивставува на она што го кажа претседателката на Европската комисија во Пекинг“, рече Ротген во коментар за радио станицата Дојчландфунк, мислејќи на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Неговите коментари доаѓаат неколку дена откако Макрон и Фон дер Лајен се вратија од тридневната државна посета на Кина. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека не е во…

Read More

Здружение на Украинците „Лесја Украинка“ во своето обраќање до македонските медиуми бара поддршка во осудата и апсењето на Владимир Путин и останатите одговорни за воените злосторства во Украина. „Неодамна Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави дека распиша налог за апсење на претседателот на руската федерација, Владимир Путин, како и за апсење на комесарката за правата на децата во руската федерација, Марија Лвова-Белова, за незаконското депортирање на украински деца. За нас, за Украинците, ова е историска одлука за Украина и за целиот систем на меѓународно право, меѓутоа тоа е само почеток на долгиот пат до враќање на правдата. И овој пат…

Read More

Граѓаните на Бугарија и на Северна Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП). Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година. Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго, пак, живеат Италијанците…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да пристигне во Северна Ирска во вечерва , по повод 25-годишнината од мирот. Тој прво ќе ја посети проблематичната британска провинција, пред да отпатува во Република Ирска, инаку, неговата татковина. Посетата на Бајден доаѓа во време на пораст на политичките тензии во Северна Ирска, со насилство што се разгоре синоќа во главниот град Дери. Северна Ирска има крвава историја. Републиканците се залагаа за повторно обединување со Ирска, унионистите сакаа да останат во Обединетото Кралство и британската армија се бореше таму со децении, оставајќи 3.500 мртви. Крвопролевањето неочекувано престана на 10 април 1998 година, откако…

Read More

Конзервативната исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска официјално ја започнува својата кампања во пресретна на претседателските и парламентарните избори, закажани на 14 мај. Опозициските партии веќе ги започнаа своите кампањи за изборите, кои се одржуваат во сенка на разорната серија земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата, пренесува ДПА. По 20 години на врвот на турската политика, првично како премиер, а потоа и како претседател, Ердоган (69) се соочува со тешка кампања, оценува германската новинска агенција. Покрај наводите за лошо управување со кризата по земјотресот, земјата забележа годишна инфлација од околу…

Read More

Дојдовме во Битола да видиме одблиску што бил и како бил случајот во врска со смртта на починатото бебе, првороденче на на 24-годишна битолчанка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. За време на неговата посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот најави дека во текот на утрешниот ден во битолската болница ќе  дојде тим од  Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината.   „Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од одговорните институции…

Read More