Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Албанската полиција приведе две лица, за кои основано се сомнева дека се поврзани со вооружениот напад врз зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана, во кој беше убиен 60-годишниот Пал Кола, лице од обезбедувањето. Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар. „Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад. По неколку часа од настанот две лица се приведени во Валона, но се жители на Скадар. Пренесени се во Тирана на распит“, стои во полициското соопштение. Нападот го извршиле три лица, вчера околу 1 часот кои од возило „ренџ ровер” со…
Три деца и тројца возрасни вчера беа убиени во христијанско училиште во јужната сојузна американска држава Тенеси, соопштија властите. Полицијата ја застрела и ја уби осомничената сторителка, откако првично се сметаше дека тинејџер е осоминчен убиец. Властите подоцна утврдија дека осомничената имала 28 години и оти била поранешна ученичка во училиштето. „Тоа е потресно, најлошиот кошмар на едно семејство“, изјави претседателот Џо Бајден за новинарите во Вашингтон. Тој повторно го повика Конгресот да донесе повеќе закони за контрола на оружјето. „Мораме да направиме повеќе за да ги заштитиме нашите училишта за да не се претворат во затвори… Повторно го повикувам…
Додека унгарскиот премиер Виктор Орбан долго време ја сигнализираше поддршката на неговата земја за проширувањето на НАТО, неговата влада тврди дека шведските и финските политичари кажале „безобразни лаги“ за состојбата на унгарската демократија што ги остави некои пратеници на владејачката партија несигурни дали да ги поддржат понудите за пристапување. Унгарскиот парламент ја одобри кандидатурата на Финска за членство во НАТО. Мерката, усвоена со 182 гласа за и шест против, дојде откако унгарската влада со месеци ги фрустрираше сојузниците во НАТО и Европската унија со постојано одложување на гласањето откако речиси сите други членки на алијансата ја ратификуваа кандидатурата на Финска.…
Претседателот на Австрија Александар Ван дер Белен, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е приоритет и посочи дека се свесни дека без договор не можат да бидатдел од ЕУ.Тој им честиташе на Белград и Приштина за постигнатиот договор во Охрид за нормализација на меѓусебните односи.Ван дер Белен истакна дека верува оти тоа може да биде камен-темелник во процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.„Како што знаете, всушност беше направен еден вид договор, но без официјален потпис на учесниците. Сепак, ова е дефинитивно пристап во овој процес кој…
Холандски донатор на сперма се соочува со правна постапка за да се спречи да стане татко на повеќе деца. Наводно, 41-годишникот од Хаг имал најмалку 550 деца ширум светот. Жена која зачнала дете во 2018 година користејќи ја неговата донирана сперма стои зад тужбата заедно со Фондацијата Доноркинд, организација која се залага за правата на децата од донатори. Според фондацијата, човекот – по име Џонатан М. во холандскиот печат – ја донирал својата сперма на најмалку 13 клиники во Холандија и во странство. Насоките велат дека едно лице може да донира сперма за најмногу 25 потомци или за 12 семејства…
Каква е таа љубов, ако не овозможи целосна и суштинска рамноправност на жените и мажите? ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ Во 2263 година кон Земјата доаѓа жива огнена топка која сака да уништи сè живо, на местото на животот – носи смрт, на местото на светлината – вечен мрак. Светот и векот како што го знаеме ќе престане да постои и засекогаш ќе царува злото. Ова не е пророштво за некој Армагедон, не е визија на некој јасновидец, или светец, туку дел од приказната на филмот „Петтиот елемент“ на Лук Бесон од 1997 година. Одличен и забавен филм во кој главните јунаци Далас…
На официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти во Албанија претседателот Бегај, претседателката на Собранието Никола и премиерот Рама дадоа поддршка за процесот на дијалогот и договорот во Охрид. Во Тирана, Албанија, се случи вооружен напад врз зградата на телевизијата Топ Чанел, а едно лице е убиено. Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешниот избор во албанските медиуми во регионот. КОСОВО ТВ21: Курти доби поддршка од Албанија за договорот во Охрид „Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше во посета на Албанија, по средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседателката на Собранието…
Комисијата за употреба на историските имиња утре треба да има состанок и да достави извештај, по што ќе донесам соодветно решение, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога, за тоа до каде е постапката со бугарскиот клуб „Цар Борис III“. На брифингот со медиуми во Министерството за правда, денеска беше појаснето дека, првиот пат барањето било од самиот клуб, додека сега е од Централниот регистар и дека веќе е пуштено барање од Комисијата до Централниот регистар. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно…
Грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу, во пресрет на посетата на Белград изјави дека ставот на нејзината земја, која не ја призна независноста на Косово, останува ист, без тенденција за промена. Таа порача и дека ЛНГ терминалот во Александропулос, што ќе биде пуштен во употреба на крајот на годината, ќе им помогне на Србија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, па дури и на Украина, да ја намалат и да ја елиминираат зависноста од рускиот природен гас, јави дописникот на МИА од Белград. „Ставот на Грција, една од ретките членки на ЕУ што не ја призна еднострано прогласената независност на Косово, останува ист. Во…
Претседателот на најголемиот синдикат во Израел, Арнон Бар-Давид за денеска најави генерален штрајк во знак на протест против плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за реформи во судството. Денешната одлука на Хистадрут, која претставува повеќе од 700.000 работници во различни сектори, од банки до транспорт и здравство, може да парализира голем дел од економијата на Израел. Бар-Давид рече дека најавува „историски“ штрајк на работниците во обид да го „запре лудилото“ на контроверзните реформски планови на владата. „Се грижиме за судбината на Израел. Заедно велиме – доста е. Го изгубивме нашиот пат – не се работи за десница и левица. Не…
Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје го слави творештвото на драмскиот автор Горан Стефановски со едномесечна мултимедијална програма насловена „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе почнат денеска, на Светскиот ден на театарот, а ќе завршат на 27 април – денот на раѓањето на Стефановски. ФДУ е организатор на програмата во која ќе учествуваат негови соработници, колеги и студенти. „Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на факултетот. Инспирација која нé поттикнува кон подобро и повеќе уште од нашата „Бушава азбука“. И од „Јане Задрогаз“, преку „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло…
Сите субјекти надлежни за управување со природните ресурси на Охридското Езеро се чини дека прават напори да ги спроведат неопходните активности за негова заштита, се работи на проблематиката, но не може да се оттргне генералниот впечаток дека активностите се одвиваат бавно, несоодветно обмислено, со импровизации без соодветна вклученост и консултација на експертската јавност. Проектот за реконструкција на Кејот на езерото во Охрид што предвидуваше дополнителен зафат во литоралниот дел на езерото, мегаломанскиот нацрт-проект за изградба на марина за пловни објекти во Студенчишкото блато, примерите со несоодветното стопанисување со рибниот фонд во Езерото заедно со рибокрадството, нерегулираните концесии недвосмислено ја потврдуваат…