Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.Возило “Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи пшритоа сочувство до семејството на настраданиот.
Претседателот на ДПС и претседателски кандидат на партијата на изборите, Мило Ѓукановиќ, на изборна трибина во Сутоморе изјави дека на овие избори се одлучува дали Црна Гора ќе биде, како што наведе, „провинција на голема Србија“, или ќе го продолжи патот по кој тргна, понатаму да се развива како организирана европска држава. Ѓукановиќ рече дека сите го виделе ефектот од владата во која во 2021 година работел неговиот противкандидат во вториот круг од претседателските избори од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, а тоа е дека Црна Гора не само што била запрена на патот кон ЕУ, туку денес меѓу Подгорица и Унијата е ископана огромна бездна, која, како што рече, „треба да биде гробница на независна,…
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО. Најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“. Претходно, во организација на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници ќе се одржи традиционалниот „НАТО појадок”, со учество на дипломатскиот кор, активност со која стартуваат Деновите на…
Приведени се две лица од скопско Арачиново, во чие возило полициски службеници откриле 35 килограми марихуана, во вредност од 100.000 евра. „Утринава од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од с. Арачиново, скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 килограми дрога“, информираат од МВР. Имено, во утринските часови на наплатна станица Тетово, на автопатот…
Американската комора во Приштина го повтори својот повик до владата на Косово да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан и истовремено го поздрави договорот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина постигнат на 18 март во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението на Комората, таа смета дека договорот ќе отвори можности за економски развој на двете страни, подобрување на размената на стоки и услуги, пренесува Коха. „Американската комора го повторува својот повик до Владата на Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар“, се вели во соопштението. Како…
Три нови законски решенија ќе го стимулираат напредокот на средното, стручното образование и обука, како и образованието на возрасните. Нацрт верзиите се изготвени низ повеќе дискусии организирани периодов со засегнатите страни и во нив интегрирани се сите конструктивни забелешки. Два од законите веќе беа објавени и на ЕНЕР системот каде граѓаните дадоа свои сугестии и предлози за да се унапреди содржината пред испраќање во Собранието. Наскоро и Законот за средно образование ќе се објави на владиниот систем, велат од Министерството за образование. Новите закони за средно и за стручно образование и обука, како што посочуваат од МОН, првенствено треба да…
На средбата на премиерите на Велика Британија и Албанија, Риши Сунак и Еди Рама, меѓу другото се договараше за составување заеднички тим за проценка на капацитетите на албанските затвори. Аферата со уривањето на „Престиж ресорт“ добива нови контури – правната директорка на „Хисенбелиу груп“ вели дека лиценцата за градење ја издал Рама. По средбата во Охрид, Американската комора бара од Косово да се приклучи на „Отворен Балкан“. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА ТВ Клан – Опинион: Рама-Сунак, имигранти на средина! „Премиерот Еди Рама и британскиот премиер Риши…
Изложбата обработува пет големи тематски области: Вселена | Историја на човештвото | Мозок | Антропоцен | ВИ. „Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот, а од 03.04. до 28.04.2023 ќе може да се посети во изложбениот простор на Културно- информативен центар во Скопје. Изложбата „Вселена.Човек.Интелигенција.“ обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се на пр. компјутерско…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, коишто Бугарија ги нема спроведено до денес во однос на почитувањето на правата на здружување на Македонците. „Ние секогаш сме реагирале во однос на сите граѓани коишто во која било друга држава се самоопределуваат како Македонци. Македонци има во скоро сите држави во светот, како што има Македонци во САД, во Германија, во Швајцарија, така има Македонци и во Бугарија и во Грција, значи луѓе кои се определуваат како Македонци и ним им следуваат сите права што им следуваат на…
Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија. Ова го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска на…
Бројот на приведените за време на протестите против пензиската реформа во Франција се зголеми на 457, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. „Досега се повредени 441 полицаец и жандар, додаде тој, заблагодарувајќи им се на органите на редот и на пожарникарите за нивната работа за време на демонстрациите. Демонстрациите беа многубројни и на места прераснаа во судири, особено во Париз, до доцна во ноќта“, истакна Дарманен. Тој додаде дека само во Париз биле запалени 903 објекти лоцирани на јавен простор, вклучително и контејнери за ѓубре. Вчера беше деветти ден од протестите против пензиските реформи во француските градови. Во главниот град на…
Европската комисија и полската влада во четвртокот објавија заедничка иницијатива да се обезбеди враќање на украинските деца депортирани на територијата под руска контрола. „Да се депортираат деца, ова е воено злосторство“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лејн за новинарите во четвртокот вечерта на крајот од првиот од дводневниот самит на лидерите на ЕУ. „На ова поле, во партнерство со Украинците, премиерот Моравјецки и јас покренавме иницијатива со цел да ги вратиме овие деца кои беа киднапирани од Русија. За тоа ќе организираме конференција. „Ние сме на самиот почеток на многу напорна работа“, додаде таа. Според Комисијата, околу 16.200…